Промовирани огласи »

Во мај санкционирани 106 возачи за непрописно затемнување на стаклата на возилата

Имало изречена и една санкција за неовластено вградување и користење на т.н. флешери.

Во текот на месец мај Секторот за сообраќајни работи при МВР на територија на цела држава санкционирани биле 106 возачи за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата, а била изречена и една санкција за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Во периодот од 01.05.2025 до 31.05.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи за време на спроведување на сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 107 учесници во сообраќајот, од кои 106 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се наведува во соопштението на МВР.

Од таму исто така додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Тагови: МВР

Промовирани огласи »

„Кажи збогум на стравот“ – младата уметница која од скеле создава уметност

8 мурали, едно скеле и една храбра уметничка приказна од Охрид

Која е македонската уметница која стои зад муралите во „Охрид мол“ и твори под псевдонимот Електра?
Прентовиќ Љиља(26), дипломиран академски сликар, магистранд на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, твори и е препознатлива под уметничкото име Електра.

Колку мурали имаш насликано во трговскиот центар „Охрид мол“?
Во трговскиот центар „Охрид мол“, имам насликано осум мурали.

Кој момент го забавува најмногу процесот на создавање на муралите и зошто?
Преместувањето и повторното поставување на скелето го забавуваше целиот процес, бидејќи секој ѕид беше на различна позиција. Овој чекор беше неопходен за прецизна реализација, но одземаше многу време и енергија.

Што значат боите и нивната поврзаност со просторот според тебе?
Боите, според мене, треба да се совпаднат со просторот, да создадат динамика и енергија. Јас трговскиот центар го доживував како жив организам исполнет со бои, каде секој ѕид има можност за визуелна приказна.

Која реакција од публиката ти остави најголем впечаток и те охрабри да продолжиш со уште повеќе љубов кон уметноста?
Најпрвин, благодарна сум многу на раководството и вработените на Охрид Мол за нивната доверба, поддршка и искрени пофалби. Влатко и Марија по првиот мурал ми дадоа зелено светло да продолжиме со уште повеќе ѕидови, што за мене беше огромна мотивација. Нивната отвореност кон уметноста и ентузијазмот што го покажаа, ми помогнаа целосно да се препуштам на процесот - толку што дури и висината ја заборавив.
Воодушевеноста на публиката, позитивната енергијата во трговскиот, таа ми беше најголемата награда и поттик за да продолжи со уште поголема љубов и мотивација кон уметноста.

Како го опишуваш односот меѓу физичката бариера (скеле, висина) и уметничката инспирација?
Иако првично чувствував страв, љубовта кон уметноста ми помогна да го надминам. Тој однос го претворив во мотивирачка сила, каде телесната бариера се губи во креативниот процес.

Кој совет би го дала на некоја млада личност која сака да започне со уметност, но се плаши од неуспех или нема поддршка?
Низ сопственото искуство, Електра порачува: “Правете го она што го сакате до крај. Ништо нека не Ви биде пречка.”
Со тоа охрабрува младите да продолжат, без разлика на стравовите или недостатокот од поддршка, затоа што токму упорноста и љубовта водат до вистинската уметничка среќа.

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Касиери/ки - Охрид
Продажен персонал - Охрид
Референти за продажба во Охрид
Сезонски вработени во Охрид
Junior Accountant / Accounting Assistant

Сите останати работни места за во Охрид можете да ги најдте ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Битола!

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад соработник за човечки ресурси, Одделение за човечки ресурси, Сектор за правни работи и човечки ресурси - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Помлад соработник за административно-технички работи, Одделение за административно-технички и општи работи, Сектор за административни-технички, општи работи и техничка служба - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Помлад соработник - сметководител, Одделение за материјално финансиско работење - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Управник на регионална дирекција Струмица, Регионална дирекција Струмица - Министерство за финансии - Управа за јавни приходи

Помлад соработник за правни работи, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи и човечки ресурси - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »