Промовирани огласи »

БУГАРИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ОСИРОМАШУВАЊЕ: Најсиромашната земја во ЕУ го прифаќа еврото

Дали бугарската економија ќе стане посилна?

Бугарија е подготвена да го прифати еврото на 1 јануари 2026 година, откако ќе ги исполни сите потребни критериуми, објави Европската комисија во средата во својот Извештај за конвергенција за 2025 година.

Извештајот, подготвен на барање на бугарските власти, потврди дека земјата ги исполнува четирите номинални критериуми за конвергенција потребни за усвојување на еврото и дека нејзиното законодавство е усогласено со правилата на ЕУ, објави агенцијата Анадолија.

Ова означува критичен и историски чекор на патот на Бугарија кон усвојување на еврото, соопшти комисијата, додавајќи дека економијата на земјата е доволно подготвена за интеграција во еврозоната.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави развојот на настаните, велејќи дека Бугарија сега е еден чекор поблиску до усвојување на еврото како своја валута.“

Благодарение на еврото, бугарската економија ќе стане посилна, со поголема трговија со партнерите од еврозоната, странски директни инвестиции, пристап до финансии, квалитетни работни места и реални приходи, рече таа.

Бугарија ќе стане 21-ва членка на еврозоната, во исчекување на конечната одлука од Советот на ЕУ. Извештајот на комисијата беше објавен заедно со паралелна оценка од Европската централна банка.

Бугарија го поднесе своето официјално барање за посебен Извештај за конвергенција во февруари 2025 година.

Тагови: евро Европска Унија Бугарија

Промовирани огласи »

Осум студенти ќе добиваат платена пракса од 15 илјади денари во Општина Центар

Осум студенти ќе добиваат платена пракса од 15 илјади денари во Општина Центар

Општина Центар информира дека во тек се интервјуата со студентите и апсолвентите кои се пријавија на јавниот повик за практикантство во општинската администрација.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека одѕивот бил голем, што потврдува дека младите гледаат вредност и можност за развој преку институционално искуство.

Среќен сум што младите изразија желба и аплицираа за практикантство во општината. Преку ова искуство студентите ќе се запознаат со сите процеси на управување и носење одлуки. Вложуваме во квалитетен кадар кој уште од студентските денови ќе ја разбере важноста на јавниот сектор и ќе биде подготвен да придонесе за подобар Центар. Во моментов се спроведуваат интервјуата со сите кандидати, а по завршувањето ќе бидат избрани осум практиканти кои во следните шест месеци ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство во секторите на општината. Нивниот труд ќе се вреднува со месечен надоместок од 15.000 денари. Со нетрпение чекам да станат мои колеги и зааеднички да го подобруваме нашиот Центар, вели Герасимовски.

Тагови: Горан Герасимовски Општина Центар стипендија студент

Промовирани огласи »

Баланс меѓу работа и живот: Кога можете да побарате скратено работно време?

Загарантирано со закон, а ретко се користи – скратено работно време!

Во брзиот свет во кој живееме, балансирањето помеѓу професионалните обврски и личниот живот станува сè поважно. Скратеното работно време е еден од начините како вработените можат да го постигнат овој баланс - а тоа не е само добробит за работниците, туку и за општеството во целина.

Кога имате право на скратено работно време?

Во Македонија, правото на скратено работно време е регулирано со Законот за работни односи. Вработениот има право да побара скратено работно време во следниве ситуации:

  • Трудничко или породилно отсуство (и по неговото завршување, заради продолжување на грижа за детето).
  • Родител на дете до 3-годишна возраст или дете со посебни потреби.
  • Лица со утврдена инвалидност или хронична болест, ако тоа го препорачува лекар.
  • Грижа за болен член на потесното семејство, според лекарски доказ.

Секое барање мора да биде поткрепено со соодветна документација, а работодавачот е должен да го разгледа и да даде одговор во законски рок.

Кои се бенефитите од скратеното работно време?

За вработените:

  • Подобро ментално здравје - Помалку работни часови значат повеќе време за одмор, семејство, пријатели и хобија.
  • Зголемена продуктивност - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат пократко, често се поефикасни во работното време.
  • Поддршка за родители - Мајките и татковците имаат реална можност да бидат повеќе присутни во животот на своите деца.
  • Поголема флексибилност - Работниците можат полесно да менаџираат приватни обврски (на пр. лекари, училишни активности и сл.)

За работодавачите:

  • Повисока лојалност од вработените - Кога компанијата покажува разбирање, вработените се помотивирани.
  • Помал отсутен кадар - Скратеното работно време често резултира со помалку боледувања и стрес.
  • Позитивен имиџ на пазарот на труд - Компаниите кои нудат флексибилност се попривлечни за нови таленти.

За општеството:

  • Поддршка за семејства и раѓање деца - Младите семејства полесно се одлучуваат на потомство кога имаат реална поддршка.
  • Инклузија на ранливи групи - Лица со здравствени предизвици полесно остануваат или се враќаат на работа.
  • Намалување на иселувањето - Со подобри работни услови, граѓаните имаат повеќе причини да останат и да придонесуваат дома.

Како да побарате скратено работно време?

  • Проверете дали спаѓате во некоја од законски утврдените категории.
  • Соберете ја потребната документација (на пр. лекарско мислење, извод од матична книга на родени итн.)
  • Поднесете барање до работодавачот во писмена форма.
  • Чекајте одговор од работодавачот, кој е должен да одговори во разумен рок.

Скратеното работно време не е само привилегија тоа е алатка за подобар живот. Со негова примена, се гради порамнотежено општество во кое човекот не е само работна сила, туку и родител, граѓанин и поединец со лични потреби. Со повеќе поддршка и информираност, и работниците и работодавачите во Македонија можат да добијат не губејќи продуктивност, туку градејќи стабилност.

Се уште не можете да ја пронајдете вашата идеална кариера, прочитајте и за: Водич за избор на професија според вашите вештини и интереси

Тагови: HR совети за работа скратено работно време

Промовирани огласи »

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Каква раздвиженост и енергија на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair! 💫

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Тагови: Саем за образование пракса саем за вработување

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »