Промовирани огласи »

„Кажи збогум на стравот“ – младата уметница која од скеле создава уметност

8 мурали, едно скеле и една храбра уметничка приказна од Охрид

Која е македонската уметница која стои зад муралите во „Охрид мол“ и твори под псевдонимот Електра?
Прентовиќ Љиља(26), дипломиран академски сликар, магистранд на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, твори и е препознатлива под уметничкото име Електра.

Колку мурали имаш насликано во трговскиот центар „Охрид мол“?
Во трговскиот центар „Охрид мол“, имам насликано осум мурали.

Кој момент го забавува најмногу процесот на создавање на муралите и зошто?
Преместувањето и повторното поставување на скелето го забавуваше целиот процес, бидејќи секој ѕид беше на различна позиција. Овој чекор беше неопходен за прецизна реализација, но одземаше многу време и енергија.

Што значат боите и нивната поврзаност со просторот според тебе?
Боите, според мене, треба да се совпаднат со просторот, да создадат динамика и енергија. Јас трговскиот центар го доживував како жив организам исполнет со бои, каде секој ѕид има можност за визуелна приказна.

Која реакција од публиката ти остави најголем впечаток и те охрабри да продолжиш со уште повеќе љубов кон уметноста?
Најпрвин, благодарна сум многу на раководството и вработените на Охрид Мол за нивната доверба, поддршка и искрени пофалби. Влатко и Марија по првиот мурал ми дадоа зелено светло да продолжиме со уште повеќе ѕидови, што за мене беше огромна мотивација. Нивната отвореност кон уметноста и ентузијазмот што го покажаа, ми помогнаа целосно да се препуштам на процесот - толку што дури и висината ја заборавив.
Воодушевеноста на публиката, позитивната енергијата во трговскиот, таа ми беше најголемата награда и поттик за да продолжи со уште поголема љубов и мотивација кон уметноста.

Како го опишуваш односот меѓу физичката бариера (скеле, висина) и уметничката инспирација?
Иако првично чувствував страв, љубовта кон уметноста ми помогна да го надминам. Тој однос го претворив во мотивирачка сила, каде телесната бариера се губи во креативниот процес.

Кој совет би го дала на некоја млада личност која сака да започне со уметност, но се плаши од неуспех или нема поддршка?
Низ сопственото искуство, Електра порачува: “Правете го она што го сакате до крај. Ништо нека не Ви биде пречка.”
Со тоа охрабрува младите да продолжат, без разлика на стравовите или недостатокот од поддршка, затоа што токму упорноста и љубовта водат до вистинската уметничка среќа.

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Касиери/ки - Охрид
Продажен персонал - Охрид
Референти за продажба во Охрид
Сезонски вработени во Охрид
Junior Accountant / Accounting Assistant

Сите останати работни места за во Охрид можете да ги најдте ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Битола!

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад соработник за човечки ресурси, Одделение за човечки ресурси, Сектор за правни работи и човечки ресурси - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Помлад соработник за административно-технички работи, Одделение за административно-технички и општи работи, Сектор за административни-технички, општи работи и техничка служба - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Помлад соработник - сметководител, Одделение за материјално финансиско работење - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Управник на регионална дирекција Струмица, Регионална дирекција Струмица - Министерство за финансии - Управа за јавни приходи

Помлад соработник за правни работи, Одделение за правни работи, Сектор за правни работи и човечки ресурси - ЈЗУ Универзитетска клиника за детски Болести

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Колку долго се исплатува паричниот надоместок за невработените лица?

Дополнително, невработено лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а му недостасуваат најмногу 18 месеци до исполнување на условите за старосна пензија

Паричниот надоместок за невработено лице се исплатува во траење од еден месец, доколку лицето има најмалку 9 месеци непрекинат стаж на осигурување или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Во продолжение е прикажана временската рамка за исплата на паричниот надоместок според должината на стажот на осигурување:


Дополнително, невработено лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а му недостасуваат најмногу 18 месеци до исполнување на условите за старосна пензија, има право на паричен надоместок до негово вработување, односно до настанување на основ за престанок на тоа право.

Конкретно, доколку жената има над 60 години и 6 месеци, а мажот над 62 години и 6 месеци, и при тоа имаат повеќе од 15 години стаж, паричниот надоместок се исплатува сè до нивно вработување или до престанокот на правото. За овие лица, не се плаќа придонес за пензиско и инвалидско осигурување.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) невработеност пензија стаж

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »