Промовирани огласи »

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето на првата пензија

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето на првата пензија, објави денеска Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу земјите-членки на Европската унија, процентот на самовработени пензионери кои продолжиле да работат или повторно се вклучиле на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).

Од друга страна, најниско учество имало во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).

Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ работеле со скратено работно време.

Оваа стапка е значително повисока отколку кај вработените кои не се пензионери (16,2 отсто).

Тагови: Европска Унија Евростат пензионери

Промовирани огласи »

Летната сезона полека започна, а судејќи според првите впечатоци на туристите кои веќе се во Грција, цените во омилените места за туристите од Балканот како Пефкохори или Паралија велат дека цените се речиси исти како и минатата година. 

Гостите споделуваат дека лежалки во Пефкохори посетителите се уште можат да изнајмат само со купување пијалок, а просечната цена на кафе се движи од четири до шест евра. Но, во исто време има делови од плажата во Пефкохори каде се изнајмуваат само лежалки, и за кои треба да одвоите солидна сума. 

Што се однесува пак до цените на пивото, на главното шеталиште тие се движат од четири до пет евра, кафето е во просек околу три евра, а соковите помеѓу 2,5 и три евра. Гиро чини три евра, додека поголем оброк како пица чини околу седум евра по лице.

Порција суфлаки со помфрит е околу 10 евра, бургерите се 12, а стекот од 19 до 25 евра. Порција мешано месо за двајца е околу 25 евра.

Од другата страна, поточно на плажата во Паралија оваа предсезона, цените добиваат нагорна линија, за разлика од претходните години. Па така, според гостите оваа сезона сите видови кафе чинат околу пет евра, пивото чини од 4,5 до шест, додека гииро пита чини пет евра, а порција е 10 евра!

Многу од нашите граѓани веќе тргнаа на одмор или на викенд кон своите омилени дестинации во Грција. Дел од граѓаните кои ги читаат објавите на социјалните мрежи за цените во претсеозона, прашуваат колку ќе чини храната и пијалоците на плажа во јули и август.

Што се однесува до лежалките и чадорите за сонце, во Паралија се движат од 10 до 50 евра по сет, а некои угостители бараат од капачите да нарачаат и пијалок, без оглед на тоа дали платиле за изнајмување на мебелот.

Во Фејсбук групата Grkcainfo се појави фотографија од ценовник од плажата во Паралија, каде што сите видови кафе со вода чинат пет евра, шише вода од половина литар чини 50 центи, додека шише од еден и пол литар чини четири евра. За време на престојот на плажа, многу капачи земаат и сладолед кој чини пет евра, коктелите се од шест до осум, а пивото е до 4,5 до шест.

Тагови: градови цени летна сезона

Промовирани огласи »

Машина за алишта или сушара – што е попаметна инвестиција?

Ако имате ограничен простор и барате практично решение, комбинираната машина за перење и сушење може да биде добар избор.

Кога се размислува за инвестиција во домашни апарати, честопати се поставува прашањето: Дали е попаметно да се купи само машина за перење алишта или да се инвестира и во сушара? Двете опции имаат свои предности и недостатоци, и изборот зависи од вашите потреби, простор и буџет.

Машина за перење алишта

Машините за перење се основен апарат во секое домаќинство. Тие се дизајнирани да ги отстранат нечистотиите од облеката со помош на вода, детергент и механичко движење. Современите модели нудат различни програми за перење, енергетска ефикасност и капацитети што одговараат на различни потреби.

Предности:

  • Пониска почетна инвестиција
  • Поголема енергетска ефикасност
  • Подолг животен век

Недостатоци:

  • Потреба од дополнителен простор или време за сушење на облеката

Сушара за алишта

Сушарите за алишта се апарати што ја отстрануваат влагата од облеката по перењето. Тие се особено корисни во услови на висока влажност или кога нема доволно простор за сушење на облеката на отворено.

Предности:

  • Брзо и ефикасно сушење на облеката
  • Погодни за големи семејства или лица со ограничено време

Недостатоци:

  • Поголема потрошувачка на енергија
  • Потреба од дополнителен простор
  • Поголема почетна инвестиција

Споредба на цени во Македонија

Во Македонија, цените на машините за перење и сушарите варираат во зависност од брендот, капацитетот и функциите. На пример, VOX нуди модели на машини за перење алишта по цена од околу 20.000 денари, додека сушарите може да достигнат цени од 25.000 денари и повеќе. Комбинираните машини за перење и сушење се достапни по цени што започнуваат од 35.000 денари.

Ако имате ограничен простор и барате практично решение, комбинираната машина за перење и сушење може да биде добар избор. Меѓутоа, ако имате простор и сакате поголема ефикасност и флексибилност, одделните апарати за перење и сушење се подобра инвестиција на долг рок. Изборот зависи од вашите индивидуални потреби, буџет и животен стил.

Тагови: домашни апарати Машина за алишта сушара

Промовирани огласи »

Вработување во Еурофарм, Нептун, Calzedonia!

Огласи за работа во Еурофарм, Нептун, Calzedonia!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Calzedonia е долгогодишен италијански бренд кој што и го дава името на групацијата CALZEDONIA SPA, која ја претставува суштината и наследството на компанијата. Од 1986 година има можност да ги претставува најиновативните трендови во областа на хулахопките и костимите за капење, во секоја колекција, спојувајки квалитетна изработка, стил и пристапни цени.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - EAST GATE

H&M е компанија водена од вредности која сака да го поведе патот кон поинклузивен свет. За нас, разновидноста и инклузијата се однесуваат на тоа кои сме ние и кои сакаме да бидеме. Придружете ни се во правењето стилот поодржлив, а модата поинклузивна.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР НА ОДДЕЛ - ТЕТОВО
ВИЗУЕЛЕН АРАНЖЕР - ТЕТОВО

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

Моментално вработува:

БРЕНД МЕНАЏЕР ЗА ПРЕМИУМ ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ (М/Ж)
ПАРТНЕР ЗА ТАЛЕНТИ
ПРАКСА - COKE SUMMERSHIP 2025

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
КООРДИНАТОР НА ГРУПА ЗА ЛОГИСТИКА (НА ОБУКА)
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Еурофарм модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР И ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ОПШТИНА АЕРОДОРМ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУГА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »