
Агенција за недвижности има потреба од Агент за недвижности кој ќе биде одговорен за изнајмување и продажба на имоти за нашата деловна активност.
Одговорности и задачи на Агентот:
- пронаоѓање и водење на клиенти за купување, продажба и изнајмување на недвижен имот
- поседување при издавање/продавање на имоти
- пронаоѓање и советување на клиентите за условите на пазарот на недвижности, цените и хипотеките
- огласување на недвижниот имот за продажба, изнајмување или купување со информации за локацијата, карактеристиките, податоците, слики и сл.
- пронаоѓање на нови имоти и претставување на понуди за купување, изнајмување, продажба до заинтересирани клиенти
- презентирање на недвижниот имот (на лице место) на потенцијалните купувачи и изнајмувачи
- водење на преговори помеѓу купувачи и продавачи/закупци и закупувачи
- анализа на секаков вид на договори, договори за лојалност, договори за купопродажба, договори за закуп, договори за соработка и други акти и документи потребни за деловната активност
- посета на курсеви и обуки за надградување на знаењето и напредно усовршување
Потребни услови:
- работно искуство во продажба со недвижности најмалку 3 години
- одлично познавање на англиски јазик
- комуникациски и продажни способности
- возачка дозвола Б категорија
- способност за индивидуална и тимска работа, како и работа во динамична средина
- одлично познавање на работата со Office пакет и интернет
Почетна плата 30.000 ден. плус процент
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ја испратат својата кратка биографија на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »