ЕМПОРИА БИЛД лого

Координатор на градилиште

Плата од 45.000 ден. до 50.000 ден.

За компанијата:

Нашата компанија е основана според принципите на висок квалитет и задоволни клиенти. Посветено и континуирано работиме на подигнување на критериумите за обезбедување функционално и квалитетно живеење,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕМПОРИА БИЛД:

Градежен Техничар

Координатор на градилиште

Се бара лице за позиција координатор на градилиште / логистичка поддршка, кое ќе се грижи за редот, логистиката и организацијата на просторот на градилиштето и ќе биде поддршка на градежниот техничар и раководството. Лицето ќе има клучна улога во обезбедување функционално и безбедно градилиште без директно вклучување во мајсторски работи на подизведувачите.

Квалификации и барања

  • Пожелно претходно искуство на градилиште или во слична физичка/логистичка работа.
  • Спремност за извршување разновидни задачи (пренос и распоред на материјали, уредување, помош при логистика и организација).
  • Физичка издржливост и подготвеност за работа на отворено и во различни временски услови.
  • Способност за работа во тим и почитување на инструкции од градежен техничар и одговорни лица.
  • Одговорност, точност, дисциплина и редовно присуство на работа.
  • Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност (движење меѓу објекти, носење алат/ситен материјал).

Работни задачи и одговорности

  • Пренос, истовар и основна распределба на материјали и алати, без вклучување во стручната изведба на работите на подизведувачите.
  • Подготовка и уредување на просторот пред доаѓање на подизведувачи (пристапни патеки, обезбедени места за материјали).
  • Организација и обележување на зони за складирање на материјали, алати и опрема, со цел уредност и лесна пристапност.
  • Помош на градежниот техничар при основна логистика: пренос на цртежи/документи, поставување табли, обележувања и друга техничка поддршка.
  • Извршување други оперативни задачи по насока на градежниот техничар и раководството, во рамки на организацијата и одржувањето на градилиштето.

Сите заинтересирани кандидати да се јават на тел. 02/ 6143-528 или да пратат кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »