
За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање...
повеќе за компанијата »Финасиско друштво ЕАЗУ ФАЈНАНС AД Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг.
Во насока на наш постојан развој и раст, се стремиме да интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.
Поради зголемување на обемот на работа, бараме личност за проширување на нашиот тим како: Раководител на сектор сметководство
Позицијата вклучува:
- Подготовка и книжење на целокупната сметководствена документација,
- Контрола на финансиска и материјална евиденција,
- Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски прописи,
- Давање на предлози и сугестии за можно зголемување на ефикасноста во работењето,
- Подготовка на финансиски извештаи, годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,
- Буџетирање и контрола,
- Комуникација со сите релевантни државни институции,
- Континуирано професионално усовршување.
Потребни услови:
- ВСС
- Вредна, упорна личност со одлични преговарачки и организациони способности
- Поседување на лиценца за Овластен Сметководител
- Минимум 3 години во сметководство и финансии
- Тимски дух
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Организираност и одговорност
Ние нудиме:
- Одлична работна атмосфера
- Фиксна плата +бонуси
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим,
Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »