Согласно Законот за практикантство „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19, Друштвото за консалтинг РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје објавува:
ОГЛАС
за ангажирање на 2 (два) практиканти
Кандидатите кои се заинтересирани за извршување на практикантска работа потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Завршено високо образование (Економски факултет)
2. Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
3. Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
4. Со или без работно искуство
Потребни документи за аплицирање:
- писмо за интерес
- Кратка биографија (CV)
- Копија од уверение за завршено образование
- фотографија не постара од шест месеци
Практикантската работа ќе се извршува во период од 3 месеци.
Работодавачот со одбраните кандидати ќе склучи договор за практикантска работа.
Документите да се достават на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] или по пошта на адреса ул. Орце Николов бр.190 Скопје (П.фах 710) со назнака - „Оглас за практиканти“.
Одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
По завршување на практикантската работа постои можност за вработување.
Огласот трае 14 дена од денот на објавувањето.