СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Комерцијалист

Активни огласи од СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје:

Магационер - Административен асистент - Правник

(преземи го огласот како PDF)

Скопски Легури Mајнинг ДООЕЛ Скопје вработува  КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Главни одговорности и обврски:

  • Да ги прими барањата за набавка/изведување на стока/услуга;
  • Да ги евидентира примените барања, и да отвори предмет по барање;
  • Да е во контакт со техничките служби во врска со добиеното барање;
  • Да побара и добие понуди за набавка на стока/услуга и да одговори на добиените понуди;
  •  Да побара и добие понуди за допремање, царинење, складирање согласно добиеното барање за набавка;
  • Да организира царинење на стоки од увоз, да контактира со царинските посредници,шпедитери, и да ја обезбеди потребната документација за царинење на стоките;
  • Да направи конкурентска листа за тендерска процедура и по истата да даде појаснување по ставки;
  • Да ги достави основните податоци до одделот за правни работи за изготвување на договор согласно прифатената понуда од конкурентската листа;
  • Да го прати допремањето на стоката или реализирањето на услугата, да обезбеди друга  потребна документација согласно законот и интерните процедури и условите од  договорот;
  • Да ги проследи документите за плаќање до финансискиот оддел и да обезбеди и друга  задолжителна пропратна документација согласно законот и интерните процедури;
  • Да води евиденција за должничко доверителниот однос со добавувачите/ изведувачите на услугите;
  • Да го информира магацинскиот оддел за стоката која треба да пристигне и складира;
  • Да ја рекламира стоката / услугата, до добавувачот/изведувачот за сите недостатоци по квантитет и квалитет, кои се констаирани при приемот на стоката/услугата;
  • Активно да се вклучи во реализација на добиените задолженија од страна на неговиот  претпоставен.

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Високо образование, 240 кредити, од економска или техничка струка;
  • Активно познавање и користење на пишан и говорен Англиски јазик;
  • Познавање на Инкотермс;
  • Напредно познавање и работа во Офис пакети (Word, Excel, Power point)
  • Со и без работно искуство;
  • Педантност и ажурност при извршување на работните задачи, позитивен однос и одговорност кон работата;
  • Спремност за обука и унапредување на своето знаење.

Компанијата нуди:

  • Соодветен паричен надоместок за работа со редовно работно време од 40 часа неделно + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Обезбеден и платен топол оброк;
  • Годишен одмор од 24 работни дена;
  • Работа во интернационална компанија, динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.

Сите заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија на следниот емаил : [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за - Оглас за комерцијалист,

Aпликациите ќе се прифаќаат до 04.06.2025 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за Вашиот интерес.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »