ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Референт за управување со човечки ресурси
- Предлагање на планови и процедури во деменот на човечки ресурси согласно стандардите на Друштвото;
- Учествува во процесот на регрутирање и селекција на вработени;
- Ги поддржува актуелните и идни деловни потреби на Друштвото преку развој, ангажирање , мотивирање и зачувување на вработените;
- Креира планови и предлози за обуки;
- Го одржува човечкиот капитал во друштвото преку воспоставување на програма за регрутирање, тестирање, интервјуирање на кандидати, спроведува интервјуа и управување со човечкиот капитал во Друштвото;
- Учествуваат во дисциплински постапки кон вработени кои не се придржуваат кон работните обврски;
- Учествува во изготвување и спроведување годишни евалуации и тестирања на вработени и оценување на резултатите од работата на вработените во друштвото;
- Се грижи за усогласување со законската регулатива преку следење и спроведување на применливи активности за управување со човечките ресурси кои се во согласност со законските и подзаконските прописи;
- Предлага модел за плати и останати мерки на наградување на вработените во Друштвото;
- Ги изготвува огласите за отворени работни места;
- Учествува во изготвување на пресметките на плати, годишни одмори, отсуства и останати извештаи од областа на човечки ресурси;
- Учествува во изготвување на Годишен план за вработувања;
- Ги разгледува апликациите од кандидати за вработување и го изготвува првичното селектирање до претпоставените;
- Води евиденција за бројот на вработени, спроведени обуки, годишни одмори, надоместоци и сл.
- Врши други работи на барање на претпоставените лица.
- Потребни квалификации и карактеристики:
Универзитетска диплома;
Најмалку 2 години работно искуство во областа на управување со човечки ресурси;
Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се смета за предност;
Одлични комуникациски вештини;
Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
Способност за тимска работа;
Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за управување со човечки ресурси”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.