Промовирани огласи »

Цените на земјоделските производи во раст – Зеленчукот предводи со 22,8%

Цените на земјоделските производи во мај бележат значително годишно зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на земјоделските производи во мај бележат значително годишно зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на растителното производство се зголемени за 12,7%, додека кај добиточното производството порастот изнесува 7,6%.

Најголем скок е забележан кај зеленчукот, со раст од 22,8%, што значи дека граѓаните денес плаќаат речиси четвртина повеќе за основни производи како доматите, пиперките и краставиците. Овошјето е поскапено за 3,3%, а индустриските растенија – меѓу кои се вбројуваат тутунот и сончогледот – се поскапени за 12,6%. Значаен раст е забележан и кај виното, чии цени пораснале за 15,2%.

Житата и оризот остануваат со стабилни цени, без промени во споредба со минатата година. Единствено компирот бележи поевтинување, со пад од 9,4% во однос на истиот период лани.

Генерално, цените на земјоделските аутпути (финални производи) се зголемени за 11%, додека инпутите (трошоци) се зголемени само за 2,1% во споредба со мај 2024 година.

Кај трошоците, тековно потрошените средства во земјоделството се зголемени за 1,6%, а инвестициите бележат пораст од 7,6%. Особено се издвојуваат цените на ветеринарните услуги, кои за една година скокнале за 35%. Од друга страна, енергијата, горивата и мазивата поевтиниле за 7,7%, а цените на семињата се намалени за 0,75%. Минералните ѓубрива останале на исто ниво како и лани.

Тагови: Државен завод за статистика цени земјоделски производи

Промовирани огласи »

30 бизнис идеи

Искористете некоја од следниве 30 бизнис идеи

Во време на економска неизвесност, технологија што напредува со брзина на светлина и сè поголема желба за флексибилност во кариерата, луѓето се сè поотворени за претприемништво. Но, што е навистина актуелно денес? Од онлајн можности до локални решенија – бизнис идеите што следат не бараат секогаш голем почетен капитал, но бараат креативност, истрајност и јасна визија.

Во продолжение, ти претставуваме 30 бизнис идеи кои се особено релевантни и профитабилни во 2025 година:

  1. Отвори онлајн продавница со дропшипинг.
  2. Стартувај блог или YouTube канал со партнерски линкови.
  3. Нуди приватни часови или туторство по јазици или математика.
  4. Создавај и продавај дигитални производи (водичи, е-книги).
  5. Направи мобилна апликација за специфична ниша.
  6. Води профили за социјални медиуми за бизниси.
  7. Организирај настани или родендени
  8. Нуди кетеринг со домашна храна или посни специјалитети.
  9. Произведувај природна козметика или свеќи.
  10. Создај онлајн курс за некоја твоја експертиза.
  11. Продажба на second-hand облека онлајн.
  12. Реселинг на технолошки уреди (реновирани телефони, лаптопи).
  13. Стартувај услуга за чистење на домови или канцеларии.
  14. Дизајнирај уникатни маици или постери.
  15. Направи бренд за кафе или чаеви со локално пакување.
  16. Стартувај храна на тркала (food truck) со уникатно мени
  17. Изработувај и продавај накит или рачни изработки.
  18. Отвори мал салон за брза убавина (нокти, трепки, веѓи)
  19. Води курсеви за Canva, Excel или други алатки.
  20. Нуди туристички прошетки или водичи низ твојот град
  21. Отвори coworking простор или студио за креативци.
  22. Изработувај персонализирани подароци.
  23. Направи апликација за ментално здравје или водена медитација.
  24. Помогни на мали бизниси со маркетинг стратегија.
  25. Создај Instagram филтери или дигитални ефекти
  26. Продажба на билки и растенија со онлајн достава.
  27. Организирај работилници за личен раст или комуникација.
  28. Започни услуга за изнајмување опрема за настани.
  29. Изгради платформа за поврзување студенти со пракси.
  30. Нуди copywriting или преведувачки услуги од дома.

Не постои „совршено време“ за почеток на бизнис – но постои вистинска идеја во вистинскиот момент. Денешните трендови покажуваат дека луѓето бараат автентичност, персонализирани искуства и практични решенија. Избери една идеја што резонира со тебе, истражи ја темелно и започни – дури и со мал чекор. Успехот често доаѓа од доследност и храброст, не од совршенство.

Тагови: бизнис идеи работа работа од дома

Промовирани огласи »

Вработување во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Промовирани огласи »

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

Петта година по ред А1 Македонија ги поддржува младите таленти со уникатна можност за пракса!

И оваа година, петта по ред, A1 Македонија ја реафирмира својата посветеност кон поддршката на младите таленти, преку уникатната платена програма за пракса – A1 WayUp. Програмата нуди извонредна можност за најперспективните студенти да го направат првиот чекор во својата професионална кариера, во рамки на некои од најдинамичните и значајни области: автоматизација, анализа и визуелизација на податоци, развој на платформи, IT инфраструктура, сајбер безбедност, технички сервиси, ИКТ решенија, корпоративни комуникации, бизнис трансформација и човечки ресурси.

Програмата започнува на 1 октомври 2025 година и трае шест месеци со полно работно време односно 40 часа неделно. Учесниците ќе бидат целосно интегрирани во работниот процес на A1, ќе работат на реални и иновативни проекти и ќе имаат континуирана поддршка од искусни ментори и експерти од својата област. Како дел од тимот, ќе уживаат бенефиции еднакви на оние на сите вработени во компанијата.

Преку структурирани обуки и пристап до напредни ресурси, A1 WayUp овозможува стекнување на практични знаења, развој на професионални вештини и подготвеност за идни предизвици во бизнис и технолошката сфера.

Повикот за аплицирање е отворен од 23 јуни до 27 јули 2025 година, за 12 отворени позиции. Заинтересираните студенти треба да достават кратка биографија преку кариерната страница на A1 Македонија, избирајќи една од достапните позиции во рамките на програмата.

Процесот на селекција опфаќа проценка на потребните компетенции, анализа на личните карактеристики и завршно интервју, со цел идентификување на кандидатите кои најдобро се вклопуваат во организациската култура и динамиката на A1.

Избрани ќе бидат 12 студенти, кои ќе добијат можност да започнат со својата професионална трансформација во реномирана компанија која ги негува иновацијата, развојот и талентот.

Апликациите за A1 WayUp – Generation ’25 можат да се поднесат на следниот линк.

Тагови: пракса А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »