Промовирани огласи »

Што може да направи еден менаџер кога тимот губи енергија?

Сите зборуваат за мрзеливи вработени – но што ако проблемот е во менаџментот?

Секој тим поминува низ фази на висок и низок елан. Но кога заморот, мрзеливоста или демотивацијата станат норма, менаџерот мора да реагира - и тоа паметно.

Еве што може (и треба) да направи еден добар лидер:

1. Прво - слушај, а не осудувај

Можеби не е мрзеливост, туку прегорување. Разговорот со тимот може да открие скриени причини: лоша комуникација, непотребен стрес, недоволна поддршка.

2. Ресетирај цели и приоритети

Кога сè е „итно“, ништо не е мотивирачко. Постави јасни, остварливи цели и дај простор за мали победи – тие се најголемиот извор на енергија.

3. Додади доза смисла

Луѓето не се уморуваат од работа, туку од работа што нема значење. Потсети ги зошто тоа што го прават е важно – за клиентите, за компанијата и за нив самите.

4. Дај флексибилност и слобода

Микроменаџирањето убива енергија. Дај им простор на луѓето да дојдат до решенија сами – и да згрешат. Така растат и тимот, и довербата.

5. Не штеди на пофалби

Признанието чини 0 денари, но вреди повеќе од бонус. Издвој 5 минути неделно за да кажеш „добра работа“ – со име, конкретно и искрено.

Вистинскиот менаџер не чека мотивацијата сама да се врати. Тој ја создава. Ако твојот тим е на „low battery“ – можеби токму ти си тој што треба да биде полначот. 

Работите напорно но вашиот труд е игнориран? Прочитајте и за: Тивко отпуштање: Новата токсична практика на модерните компании?

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Општи работници за работа во погон за сечење и преработка на лимови
Извршители
Доктор - Специјалист по Општа Хирургија
Доктор - Специјалист по Физикална Медицина
Доктор - Специјалист по Oрална Хирургија

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Охрид!

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за подготовка на акти од областа на одбраната за потребите на министерот, Одделение за поддршка на министер, заменик министер и државен секретар, Сектор за поддршка - Министерство за одбрана

Советник за материјално – финансиска контрола, Одделение за еx ante контрола, Сектор за сметководство и исплати, Директорат за финансии - Министерство за одбрана

Советник за јавни набавки, Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси, Служба за административни и помошнотехнички работи - ЈУ Специјален завод „Демир Капија“ - Демир Капија

Соработник за следење и поддршка на локалниот економски развој и прекугранична соработка, Одделение за комунални дејности, сообраќај, урбанизам и заштита на животна средина и локален економски развој - Општина Новаци

Стручен работник во РРК Штип, Регионална регистрациона канцеларија Штип - Централен регистар на Република Северна Македонија

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Вработување во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »