
За компанијата:
BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети... повеќе за компанијата »
Оглас за вработување на Senior Full Stack .NET Core Developer
БИЛИВИО е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.
Поради зголемен обем на работа има потреба од проширување на програмерскиот тим и објавува конкурс за вработување на .NET програмери кои ќе имаат можност да работат на интересни и динамични проекти базирани на современи технологии, со можност за брзо напредување во одлични услови.
Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:
- Анализа на барањата и дизајн на решението според потребите на клиентот;
- Развој на софтвер и креирање на техничка документација;
- Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.
Потребно е познавање и искуство со реални проекти на:
- .NET Core и C#;
- MS SQL, Entity Framework Core, LINQ;
- Познавање на Angular ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на англиски јазик;
Хибриден режим на работа.
Предност би имале кандидатите со искуство во:
- Google APIs;
- Web APIs;
- Unit testing;
- Искуство со Azure DevOps;
Зошто би требало да станете дел од нашиот тим?
- Ќе работите во професионален тим, кој е насочен кон усовршување и надоградба на вештини.
- Ќе учите и ќе бидете во тренд со новите технологии.
- Квалитетот и довербата кај нас се на прво место.
Ние нудиме:
- Загарантирана висока почетна плата како и можност за брзо напредување.
- Квалитетна и професионална работна средина.
- Одлична работна атмосфера и брзо професионално надоградување.
Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »