Промовирани огласи »

OzonAir отвора нови работни места во производствениот погон во Скопје

Нова можност за работа: OzonAir го проширува својот тим во Скопје

Компанијата OzonAir, фабрика за производство на опрема за климатизација и вентилација со повеќе од 25 години присуство на пазарот, објавува оглас за нови вработувања во својот производствен погон во Скопје.

Поради зголемен обем на работа и раст на побарувачката на домашниот и странските пазари, OzonAir бара работници во производствен погон за склопување на елементи за системи за климатизација и вентилација кои се вградуваат во болници, фабрики и други објекти во Македонија и Европа.

Она што ја издвојува оваа позиција на пазарот на труд е нормалното и стабилно работно време:

  • работа во прва смена,
  • од понеделник до петок,
  • викенд слободен.

Покрај тоа, компанијата обезбедува редовна плата, платени прекувремени часови, работа во чист и климатизиран производствен погон, како и обука за кандидатите кои немаат претходно искуство со сличен тип на работа. Вработените имаат право и на регрес за годишен одмор, награди за добра работа и јасно дефинирани датуми за користење на одмор.

Од кандидатите се очекува завршено основно или средно образование, спремност за физичка работа и работа со рачен алат, како и одговорен и дисциплиниран пристап кон работните задачи. Претходно искуство во производство се смета за предност, но не е задолжително.

За подобро да се запознаат со условите и организацијата на работата, заинтересираните можат да го погледнат видеото од производствениот погон на следниот линк:

OzonAir отвора нови работни места во производствениот погон во Скопје

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со кратка биографија (CV) испратена на е‑адресата: vrabotuvanje@ozon.com.mk, со назнака во насловот на пораката: „Пријава – работник во производство“. За повеќе информации јавете се на 078-262-821

Со ова, OzonAir уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развој на домашното производство и отворање стабилни работни места во Македонија.

Тагови: ОЗОН

Промовирани огласи »

ЕВН Хоум оваа недела до Регулаторна комисија за енергетика ќе предложи цената на струјата да се зголеми за околу 6 отсто од 1 јануари 2026.

Во пресметката на универзалниот снабдувач е вкалкулирана и новата цена од 65 евра по мегаватчас која ЕСМ ќе му ја продава од следната година.

Според информациите од ЕВН Хоум за Телма, откако ќе се соберат сите трошоци и ќе се аплицира маржата за универзалниот снабдувач од 9,9 проценти се добива зголемување на вкупната цена за домаќинствата, со вклучена мрежарина во просек од 5,9 отсто.

РКЕ се очекува од следната недела да потврди дали пресметката е добра или ќе треба да се коригира. 

Тагови: ЕВН есен Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Промовирани огласи »

Клучни причини за хроничен стрес на работното место

Зошто чувствувате стрес дури и кога не е „хаос“ на работа?

Чувството на постојан стрес не се појавува одеднаш – најчесто е резултат на комбинација од фактори што полека, но сигурно го нарушуваат вашето ментално и физичко здравје. Хроничниот стрес на работното место е сериозен предизвик кој влијае на мотивацијата, продуктивноста и квалитетот на животот. За да се справите со него, прво мора да ги разберете причините. Еве ги најчестите:

1. Преголем обем на работа

Кога задачите се повеќе од реалниот капацитет, се јавува постојан притисок. Ова води до брзање, грешки, замор и чувство дека никогаш не сте „доволни“. Претераното оптоварување е една од најчестите причини за хроничен стрес.

2. Нејасни очекувања и недефинирани улоги

Ако не знаете што точно се очекува од вас, кои се приоритетите или како се мери вашиот успех, нормално е да се чувствувате заглавено. Недостатокот на јасност создава несигурност и анксиозност во секојдневната работа.

3. Недостаток на поддршка од колеги или менаџмент

Работната средина во која немате на кого да се потпрете е напрегната и исцрпувачка. Поддршката – дури и менторството – има огромна улога во намалување на стресот и градење на чувство на сигурност.

4. Токсична организациска култура

Гласини, фаворизирање, пасивна агресија, недостаток на транспарентност или постојани конфликти – ова се сигурни рецепти за хроничен стрес. Токсичната средина влијае на секој аспект од работниот ден.

5. Слаба организација и лошо управување со време

Повторливи итни задачи, постојани прекини, недоволно планирање или лоши процеси создаваат хаос. Кога нема структура, стресот станува неизбежен.

6. Недостаток на баланс помеѓу работа и приватен живот

Долгите часови, одговарање на пораки по работно време и недостиг на паузи доведуваат до постепено исцрпување. Кога работата премногу навлегува во приватниот простор, се јавува хроничен стрес и прегорување.

7. Недоволно признавање и наградување

Кога трудот не е вреднуван, мотивацијата опаѓа, а фрустрацијата расте. Чувството дека сте „невидливи“ е еден од најподмолните извори на стрес.

Разбирањето на причините е првиот чекор до решението. Со свесност, комуникација и соодветни стратегии, хроничниот стрес може да се намали, а работното искуство да стане поодржливо и поквалитетно.

Прочитај и за: Како да се вклопите во нов тим и работна средина без стрес

Тагови: совети за работа стрес на работно место

Промовирани огласи »

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Зголемувањето е поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, „Спејс-Икс“

Илон Маск стана првата личност чија проценета нето вредност надмина 600 милијарди американски долари, според пресметките на списанието „Форбс“.

Зголемувањето е поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, „Спејс-Икс“, од страна на некои вработени и инвеститори. „Форбс“ ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак, ја зголеми пресметката на уделот на Маск. Само неколку часа претходно, „Форбс“ ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари, пренесе ДПА.

Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили „Тесла“ и „Спејс-Икс“.

За разлика од „Тесла“, „Спејс-Икс“ е во приватна сопственост, што значи дека неговата вредност не е одредена од јавната цена на акциите. Во таков случај, проценките се зановаат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и може значително да се разликуваат од евентуалната пазарна вредност. Врз основа на цената по којашто вработените можеа да ги продадат своите акции, „Форбс“ пресмета вкупна вредност на „Спејс-Икс“ од 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.

Со оглед на тоа што Маск поседува околу 40 отсто од „Спејс-Икс“, ревидираната проценка на „Форбс“ ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари. 

Тагови: Илон Маск најбогат човек Форбс

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »