Промовирани огласи »

Македонците имаат најевтина, а Швајцарците најскапа храна во Европа!

Македонија е најевтината земја по цената на храната од сите 36 земји во Европа, според најновите податоци на Евростат.

Цените на храната во Македонија се најниски споредбено со државите на Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а најновите податоци на Евростат покажуваат каде купувањето е најповолно, а каде најмногу ќе го оптоварите куќниот буџет.

Храната претставува еден од најголемите трошоци за европските домаќинства, со просек од 11,9% од вкупната потрошувачка во Европската Унија, додека во земји како Романија овој удел се зголемува на 20%. Споредбата на цените се базира на индексот на Евростат, каде што просечната цена на кошничката за храна во ЕУ е 100. Вредност над 100 означува повисоки цени од просекот, додека вредност под 100 означува поповолни цени.

Според податоците, Швајцарија е убедливо најскапа земја со индекс од 161,1, што значи дека цените на храната се повисоки за 61,1% од просекот на ЕУ. По неа следат Исланд (146,3) и Норвешка (130,6).

Во рамките на земјите членки на ЕУ, жителите на Луксембург мораат најмногу да одвојуваат за храна, каде цените се за 25,7% повисоки од просекот, додека во Романија е најевтина.

Меѓу најголемите економии на ЕУ, цените во Германија и Италија се малку над просекот, додека Франција е значително поскапа. Шпанија, од друга страна, е за 5,4% поевтина од просекот на ЕУ.

Ниските цени на храната се карактеристични за Југоисточна Европа и Западен Балкан, а Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија се исто така значително под просекот.

Македонија е најевтината земја по цената на храната од сите 36 земји во Европа. Стандардната потрошувачка кошничка изнесува 73 евра, што е 27% поевтино од просекот во ЕУ.

Тагови: Европа Евростат Македонија цени

Промовирани огласи »

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Од денеска од Скопје директно до Прага со „Визер“ – новата линија го проширува изборот на македонските патници и ги зајакнува економските врски со Чешка.

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска беше промовиран првиот лет на „Визер“ од Скопје до Прага, со што нискобуџетната авиокомпанија додава уште една европска престолнина на својата мрежа на дестинации од главниот град. Новата линија се очекува да ја олесни туристичката и бизнис-комуникацијата меѓу Северна Македонија и Чешка и да придонесе за зголемување на авиосообраќајот од скопскиот аеродром.

Линијата Прага – Скопје беше најавена уште во јули од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со уште четири нови рути: Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ноември, како и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје од декември. Со ова проширување, „Визер“ дополнително ја зацврстува својата позиција како еден од клучните превозници на македонскиот пазар.

На денешната промоција присуствуваа генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Виз ер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Од аеродромските власти и од авиокомпанијата беше истакнато дека новата линија е чекор кон поголема поврзаност на регионот и дополнителен поттик за економска и туристичка соработка меѓу двете земји.

Тагови: Wizz Air дестинација Прага

Промовирани огласи »

Какво ќе биде времето денес низ Македонија?

Од магла до сонце: еве какво ќе биде времето денес

Во раните утрински и претпладневни часови на одделни места ќе има појава на магла. Подоцна во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала и минлива облачност, а ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје, во претпладневните часови во делови од котлината се можни услови за појава на магла. Во продолжение на денот времето ќе биде сончево, со многу слаб или без ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

15.12.2025 Понеделник   06:52   16:10
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

1
16.12.2025 Вторник   / 06:52   16:10
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1

2
17.12.2025 Среда   / 06:53   16:10
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

1

1

1

1

2

2

1

1

2

2

2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1

1

Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Утринските мерења на ПМ10 честичките покажуваат највисоки вредности во Тетово, Велес и Струмица, додека неколку други градови се со покачени, но пониски нивоа на загаденост.

Според утринските мерења на ПМ10 честичките, Тетово со 111 μg/m³, Велес со 106 μg/m³ и Струмица со 95 μg/m³ се меѓу градовите со највисока загаденост денес, што според националната легенда спаѓа во категоријата „многу висока“ за првите два и „висока“ за Струмица. Во Битола и Кавадарци се измерени по 79 μg/m³, додека Гевгелија со 61 μg/m³, Гостивар со 60 μg/m³ и Кичево со 55 μg/m³ исто така бележат покачени нивоа на ПМ10.

Скопје утрово има 52 μg/m³, што е на границата меѓу „нормална“ и „висока“ загаденост, додека Охрид со 39 μg/m³ и Куманово со 27 μg/m³ се во рамки од „многу ниска“ до „нормална“ концентрација на честички. Најчист воздух моментално е измерен во Лазарополе со само 2 μg/m³, а експертите препорачуваат граѓаните во градовите со повисоки вредности да го ограничат подолгото задржување на отворено, особено во утринските часови.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »