За да понудиме професионално комплетна услуга на нашите клиенти, имаме потреба од уште едно адекватно лице, на работно место
БРОКЕР ЗА НЕДВИЖНОСТИ
(1 извршител)
Опис на работно место и одговорности:
· Креирање на дата база на активни недвижнини
· Континуирано следење и истражување на пазарот, следeње на нови инвеститори
· Воспоставување на позитивни професионални релации со клиенти
· Склучување на посреднички договори со заинтересирани клиенти, преговарање и советување за услови на пазарот
· Познавање на законски регулативи за успешно спроведување и затвoрање на продажба
· Организирање и евалуација на активности
· Ажурирање на податоци и изготвување на извештаи
Потребни квалификации:
· Најмалку ССС - завршено средно образование
· Претходно искуство во продажба/ наем на недвижнини ќе се смета за предност
· Познавање на работа со компјутери и MS Office пакет
· Познавање на англиски јазик
· Возачка дозвола Б - категорија / активен возач
Личен профил:
· Позитивен ментален став
· Одлични комуникациски и преговарачки способности
· Динамичност и креативност
· Организираност и самоиницијативност
· Претставителност, професионален однос кон клиентите
· Насоченост кон остварување на резултати
· Желба за континуиран професионален напред
Ние нудиме:
· Комплетна програма, обука за прилагодување и вовед во работата
· Можност за професионален развој
· Динамична и пријатна работна атмосфера
· Основен надомест + процент од реализација
· Бонуси и награди
Доколку сакате да станете дел од тимот на нашиот стручен кадар, пратете ваша биографија и мотивационо писмо на е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “оглас за Брокер за недвижнини“.