Промовирани огласи »

Летна облека за жешки денови: Најдобри комбинации за удобност и стил

Клучот лежи во изборот на лесни, природни материјали и практични комбинации кои овозможуваат телото да „дише“

Летните горештини се веќе тука, а со нив доаѓа и дилемата – што да облечеме, а да не ни биде жешко, да ни е удобно и сè уште да изгледаме убаво? Клучот лежи во изборот на лесни, природни материјали и практични комбинации кои овозможуваат телото да „дише“. Ви претставуваме неколку проверени и стилски летни комбинации идеални за жешките денови.

Комбинации што „дишат“ – што да изберете?

Ленена кошула + широки памучни шорцеви

Идеално за градска прошетка или кафе со пријатели. Ленот е природен материјал кој не задржува топлина, а шорцевите овозможуваат слободно движење.

Памучен фустан во А-крој + сандали

Совршена опција за жените што сакаат да изгледаат елегантно и при тоа да им биде удобно. Избери фустан со цветен дезен или во пастелни нијанси.

Oversized маица + велосипедски хеланки

Удобна и урбана комбинација која се вклопува и во дневно и вечерно излегување. Додај очила за сонце и платнена торба за целосен изглед.

Мешавина од лен и вискоза (блуза или маица) + лелеави панталони

Совршено за канцеларија или посериозни средби. Лелеави панталони не прилепуваат за кожата и се одлични при високи температури

Избегнувајте синтетички материјали, темни бои и тесна облека. Користете шешири, очила за сонце и секогаш носете вода со себе. Летото е време кога удобноста треба да биде приоритет, но тоа не значи дека треба да се откажеме од стилот. Со внимателен избор – може да ги имате и двете.

Тагови: високи температури облека лето

Промовирани огласи »

Научниците вметнаа човечки „јазичен ген“ во глувци и добија интересни резултати

Вметнувањето на човечки „јазичен ген“ во глувци предизвика изненадувачки промени во нивните вокализации, отворајќи нови прашања за еволуцијата на вокалната комуникација.

Научниците одлучија да вметнат таканаречен човечки „јазичен ген“, NOVA1 протеин, во глувци со цел да ги разберат мистериите на комплексниот говор. Овој генетски зафат имаше изненадувачки ефект врз вокализациите на родентите, нудејќи нови изгледи во разбирањето на еволуцијата на вокалната комуникација.

Млади глувци кои го поседуваа човечкиот јазичен ген покажаа различни вокализациони шеми од нивните пријатели кои ја имаат обичната верзија на генот. Кога викаа по нивната мајка, нивните пискања беа повисоко интонирани и имаа различен избор на звуци.

„Сите млади глувци прават ултразвучни пискања за нивните мајки, и јазичните истражувачи ги категоризираат овие варијабилни пискања како четири „букви“ – S, D, U и M. Кога ги „транскрибирахме“ пискањата на овие глувци со човечкиот генски вариант, тие беа различни од оние на дивите глувци. Некои букви се променија,“

изјави Роберт Дарнел, автор на студијата од Рокфелер универзитетот.

Кога пораснаа, генетски изменетите глувци покажаа уште поинтересни промени. Кога се обидуваа да привлечат партнерка, машките произведуваа покомплексни високофреквентни звуци од контролните глувци.

„Тие „разговараа“ поинаку со женските глувци. Човек може да замисли како ваквите промени во вокализацијата можат да имаат длабоко влијание врз еволуцијата,“

објаснува Дарнел. Овие промени се поврзани со гени одговорни за вокализација.

Научниците вметнаа човечки „јазичен ген“ во глувци и добија интересни резултати

Тагови: научни достигнувања комуникација

Промовирани огласи »

Дизелот поевтинува, бензините без промена – најнови цени од полноќ

Оваа промена стапува на сила од 28.6.2025 година од 00:01 часот.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нова корекција на цените на нафтените деривати, со што просечното намалување изнесува 1,40% во однос на претходната одлука од 23.6.2025 година. Оваа промена стапува на сила од 28.6.2025 година од 00:01 часот.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари по литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,499 денари по килограм. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), остануваат непроменети.

Новите максимални цени по дериват се следни:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)

Тагови: дизел намалени цени

Промовирани огласи »

Вработување во Виола Аптеки, Алма‑М, Млекара СЕТЕК!

Огласи за работа во Виола Аптеки, Алма‑М, Млекара СЕТЕК!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата АлмаМ ДООЕЛ е еден од водечките дистрибутери на прехранбени производи и кондиторски производи во Северна Македонија. Основана во 1991 година како приватно друштво за увоз и извоз на широка потрошувачка, Алма‑М постепено се позиционира како главен играч во трговијата на големо и мало.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) – ГОСТИВАР
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ЗА ДОСТАВА НА РОБА – СКОПЈЕ

АВТОНОВА ДОО Скопје е ексклузивен увозник на возила за марката Citroën на пазарите во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија која веќе 20 години успешно работи.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Моментално вработува:

ИЗВРШИТЕЛИ

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години.

Моментално вработува:

ПРАВНИК

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »