Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје лого

Администратор во Филијала во Скопје

За компанијата:

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме... повеќе за компанијата »

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е друштво за неживотно осигурување кое континуирано вложува во својот раст и во унапредување на позицијата на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. Како компанија посветена на развојот, им нудиме на нашите вработени динамична и одговорна работна средина, со можности за професионален напредок, континуирана едукација и лична надградба.

Во насока на реализација на нашите стратешки цели, бараме мотивирани, посветени и професионални кандидати за засилување на нашиот тим, на следната работна позиција:

Администратор во Филијала во Скопје

Опис на работните обврски

  • Прием и евиденција на употребени полиси (продадени, откажани, оштетени и сл.)
  • Контрола и комплетирање на документација поврзана со наплатата на полисите
  • Комуникација и координација со продавачи и Дирекција при процесот на продажба на полиси и утврдени неправилности
  • Следење на искористеност и раздолжување на полиси
  • Помош при изработка на полиси и административна поддршка на продавачите
  • Подготовка на фактури, каса-прими и касов извештај
  • Административна обработка и подготовка на документација поврзано со продажбата на полиси
  • Се грижа за техничка, компјутерска и фискална опрема во Подружницата
  • Водење евиденции и подготовка на интерни извештаи за потребите на Подружницата
  • Учество во организација на состаноци и доставување извештаи за тековното работење
  • Поддршка при комуникација со клиенти за административни прашања.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо или средно образование;
  • Работно искуство на иста или слична работна позиција од најмалку 1 (една) година;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
  • Солидно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook);
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.

Бенефиции:

  • Приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Администратор во Филијала”.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана по овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција, и ќе бидат избришани по завршување на процесот на селекција на кандидат.

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »