
За компанијата: За нас
Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,...
повеќе за компанијата »Со цел проширување на својот тим НИКОБ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на:
АРХИВАР / ДЕЛОВЕН СЕКРЕТАР (2 извршители)
Потребни квалификации:
- најмалку завршено ССС образование;
- претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- да поседува потребни знаења, вештини и компетенции за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење во согласност со законските одредби;
- да поседува комуникациски вештини, организациски вештини и мултитаскинг способности;
- напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за Microsoft Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint, Outlook) и други слични програми;
- познавање на стандардните софтвери и способност за учење на конкретен софтвер користен од компанијата;
- одлични писмени и комуникациски вештини во македонскиот и англискиот јазик;
Личен профил:
- способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок;
- да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната терминологија;
- професионален однос кон работата;
- одговорност и способност за организација;
- дискреција и доверливост;
- да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
- ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина;
- предлага и иницира нови идеи и активности;
- позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите;
Главни одговорности:
- води евиденција за архивираниот материјал;
- ажурира релевантни податоци и информации за канцелариското и архивското работење;
- им помага на колегите за управување со документи и датотеки (складирање, организација и управување со документи и датотеки);
- управува со појдовни и дојдовни повици;
- прима, заверува и распределува документација (распределување на документите меѓу соодветните оддели по нивно потпишувње од соодветните одговорни лица)
- најавува влез на посетители;
- по потреба се вклучува во подготовките за големи настани или важни посети;
- извршува други работни задачи дадени од непосреден раководител;
- ги почитува етичките стандарди и политики на Компанијата;
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина;
- Редовни месечни примања;
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата.
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот email: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »