
(преземи го огласот како PDF)
Скопски Легури Mајнинг ДООЕЛ Скопје вработува МАГАЦИОНЕР
Главни одговорности и обврски:
- Евиденција (пишана и електронска) за влез и излез на добра (материјали), во Централен Магацин и во Прирачни магацини и подготвување на соодветна документација за прием и испорака на добра (материјали);
- Вршење надзор, одржување на ред и организираност во магацинскиот простор;
- Прием и испорака (предавање) на добра (материјали), присуство и евидентирање на секој истовар и утовар;
- Евиденција на задолжен материјали и алати по вработени, како и евиденција за вратени материјали и алати;
- Водење евиденција на залиха (пишана и електронска по шифри на материјали);
- Учество при извршување на периодичен и годишен попис, како помошник на пописната комисија;
- Врши други работи и задачи по налог на претпоставениот раководител.
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Завршено средно училиште Металуршко машински смер;
- Активно Користење на MS Office пакетот - Word, Excel ;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Со и без работно искуство;
- Педантност и ажурност при извршување на работните задачи, позитивен однос и одговорност кон работата;
- Спремност за обука и унапредување на своето знаење.
Компанијата нуди:
- Соодветен паричен надоместок за работа со редовно работно време од 40 часа неделно + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
- Обезбеден и платен топол оброк;
- Годишен одмор од 24 работни дена;
- Работа во интернационална компанија, динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.
Сите заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија на следниот емаил : [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за магационер,
Aпликациите ќе се прифаќаат до 04.06.2025 година.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за Вашиот интерес.
Слични огласи »