ДВОРНИК доо

Магационер

Објавенпред 8 месеци
Активен до13.03.2026
ПозицијаМагационер
ЛокацијаСкопје
Телефон3110-901
Веб-страницаdvornik.com.mk
За компанијата

Дворник е успешна компанија во Mакедонија која постои 35 години. Основна дејност е продажба на заштитна опрема при работа. Oва го потврдува мрежата на потрошувачи, чиј број е над 2000 фирми корисници на заштитна опрема, меѓу кои се вбројуваат големи македонски градежни компании и металуршки гиганти. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

МАГАЦИОНЕР за во Скопје од 8-16ч

Опис на работните задачи

  • Прием и складирање на примената роба, организација на магацин и подредување на роба,
  • Водење компјутерска евиденција за прием на роба во магацин
  • Спремање и издавање на роба по претходно добиени налози
  • Вршење на попис на робата
  • Утовар, достава и истовар на робата од возилото
  • Одржување на хигиена во магацинот и работниот простор

Опис на профил

  • Средно образование
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Подготвеност за тимска работа и самостојна работа
  • Вредна, одговорна личност

Ние нудиме:

  • Работа во една смена од понеделник до петок само прва смена од 8-16ч
  • Празници не се работи
  • Плата почетна од 35,000 ден, плус сите придонеси
  • Надомест за годишен одмор
  • Бонуси
  • Одлична работна атмосфера со пријатен колегиум.

Доколку сметате дека ги исполнувате условите и сакате да бидете дел од тимот на ДВОРНИК, аплицирајте со Ваша биографија, мотивациско писмо и фотографија на меил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве молиме без телефонски јавувања.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе