
Престижна италијанска приватна здравствена установа - Еуроиталиа чиј примарен фокус на работа е европска грижа за вашето здравје - има потреба од проширување на својот тим на позиција - административен работник со одлично познавање на Excel и Power Point. Идеалниот кандидат/ка има претходно искуство во фирми од полето на медицината или здравствени установи и поседува универзитетска диплома. Главните работни задачи на идеалниот кандидат/ка се фокусирани на Front Office Managament-от, комуникација и финансиско работење.
Опис на работно место:
- Организирање и надгледување на сите административни активности на ниво на Фронт офис менаџментот,
- Изготвување на месечни финансиски извештаи
- Распоред, организација, закажување на состаноци
- Деловна коресподенција ( деловна електронска пошта, телефон, комуникација со клиенти, фирми и соработници )
- Организација на семинари и професионални обуки во Италија
- Обработка на текстови, табеларни пресметки, компјутерски презентации, деловно-технички преводи од италијански јазик на македонски и обратно
- Управување со датотеки и болнички софтвер
- Одговорности поврзани со наплатната каса
- Примање на повици, испраќање на факсови и контакт со фирми соработници
Потребни квалификации и познавања:
- Универзитетска диплома во областа на економијата, или Филолошки факултет
- Одлично познавање на италијански јазик ( усна и писмена комуникација, најмалку C1 ниво )
- Одлични комуникациски вештини и мултитаскинг способности
- Способност за организација и координирање
- Одлично познавање на MS Office ( Excel, Word, Power Point )
- Способност за справување со стресни и конфликтни ситуации
- Љубезност, позитивност, доверливост и висока работна етика
- Предност ќе се даде на кандидатите со претходно искуство на иста или слична работна позиција ( мин. 2 год )
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, Вашата кандидатура ( CV и мотивациско писмо ) треба да биде доставена на нашата е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна и заклучно со 30/05/2018 со назнака на апликацијата “За оглас административен работник”
Напомена - Апликациите без фотографија нема да бидат разгледувани.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Слични огласи »