БЕННИНГ ПСАМ ДОО

Деловна администрација

Објавенпред еден месец
Активен до10.09.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаbenning-psam.com.mk
За компанијата

„БЕНИНГ ПСАМ“ е основана во 2002 година како приватна компанија која работи во енергетскиот сегмент. Нејзина примарна област на интерес се системи за напојување, како и реконструкција и изградба на трансформаторски... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Деловен администратор/ка – замена за вработена на породилно отсуство

Поради привремено отсуство на вработена за време на породилно отсуство, БЕННИНГ ПСАМ ДОО објавува оглас за вработување на:

Деловен администратор/ка

Работни задачи:

·         Организирање и извршување на секојдневни административни активности;

·         Подготовка, обработка и архивирање на деловна документација;

·         Внесување и ажурирање на податоци во интерни системи и табели;

·         Комуникација со клиенти, добавувачи и деловни партнери;

·         Прием, евидентирање и проследување на документација;

·         Следење на рокови и административни обврски;

·         Поддршка на останатите вработени во извршувањето на административни задачи;

·         Извршување и на други задачи поврзани со деловното работење.

Потребни квалификации и вештини:

·         Завршено средно или високо образование;

·         Претходно работно искуство во административни работи ќе се смета за предност;

·         Добро познавање на MS Office, особено Word и Excel;

·         Одлични организациски и комуникациски способности;

·         Одговорност, точност и професионален однос кон работата;

·         Способност за самостојна работа и работа во тим.

Нудиме:

·         Работен ангажман на определено време, како замена за вработена на породилно отсуство;

·         Коректни и професионални услови за работа;

·         Пријатна и динамична работна средина;

·         Можност за стекнување и унапредување на професионално искуство.

Работно време: понеделник-петок од 08:00-16:00 часот
Место на работа: Карпош 4 -Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе