Промовирани огласи »

Колку телефонски повици се прават дневно во Македонија?

Над 2,4 милијарди телефонски повици за една година во Македонија

Иако комуникацијата преку апликации и интернет-платформи станува сè почеста, телефонскиот повик сè уште има значајно место во секојдневието на граѓаните.

Според податоците од најновиот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во текот на 2025 година преку мобилните мрежи во Македонија биле остварени 2,448 милијарди повици.

Кога оваа бројка ќе се пресмета на дневно ниво, се добиваат околу 6,7 милиони повици секој ден. Тоа значи дека во просек секој час се реализирале околу 280.000 повици, односно повеќе од 4.600 во една минута.

Практично, на секоја секунда во Македонија се остварувале околу 78 телефонски повици.

Речиси 5,4 милијарди минути разговор

Не се зголемил само бројот на разговорите, туку и времето поминато во нив. Вкупното времетраење на мобилните разговори во 2025 година достигнало 5,37 милијарди минути, што е раст од 1,48 отсто во споредба со 2024 година.

Во просек, тоа се околу 14,7 милиони минути разговор дневно.

Ако сите телефонски разговори остварени во еден просечен ден би се споиле во еден непрекинат разговор, тој би траел околу 28 години.

Еден телефонски повик во просек траел околу 2,2 минути, додека активен мобилен претплатник месечно иницирал во просек 102 повици, односно нешто повеќе од три повици дневно.

СМС-пораките полека исчезнуваат

За разлика од телефонските разговори, класичните СМС-пораки бележат пад.

Во текот на 2025 година биле испратени 173,3 милиони СМС-пораки, што е околу 475.000 дневно. Во однос на претходната година, нивниот број е намален за 13,24 отсто.

Овој тренд укажува дека дел од комуникацијата постепено се префрла кон апликации за пораки и интернет-комуникација.

Бројот на телефонските повици, пак, останал речиси непроменет. Во 2024 година биле регистрирани 2,462 милијарди повици, додека во 2025 година бројката изнесувала 2,448 милијарди, што претставува пад од само 0,58 отсто.

На крајот на 2025 година во Македонија имало 1.992.046 активни мобилни претплатници, што е зголемување од 0,82 отсто во споредба со претходната година.

Податоците се дел од годишниот извештај на АЕК за развојот на пазарот на електронски комуникации.

Тагови: Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) СМС телефон телефонски повици

Промовирани огласи »

Какво време нè очекува викендов?

Детална временска прогноза

Сончево и топло време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде засилен.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со повремена мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

5.9.2026 Сабота   18° / 33° 08:05   21:04
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h







18°
19°
21°
23°
25°
27°
29°
31°
32°
33°
33°
33°
31°
28°
27°
26°
25°

1

1

1

1

2

2

2

2

3

2

2

2

1

1

1

1

2
6.9.2026 Недела   19° / 32° 08:06   21:02
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
24°
23°
22°
21°
20°
19°
19°
19°
20°
24°
26°
27°
29°
30°
31°
32°
32°
32°
31°
30°
27°
26°
25°
24°

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

4

4

4

4

4

3

3

4

4

3

3

3

3

2
7.9.2026 Понеделник   16° / 31° 08:07   21:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
22°
21°
19°
18°
17°
17°
16°
16°
17°
20°
23°
25°
27°
28°
29°
30°
30°
31°
30°
29°
26°
25°
25°
25°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

2

3

3

3

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Уште две нови линии на градски воз до почетокот на 2028-ма: Еве кои делови ќе се поврзат со Железничката станица Скопје

До 2028 година Скопје добива уште две линии на градски воз

Скопје до почетокот на 2028 година треба да добие уште две нови линии на градски воз, со што железничкиот јавен превоз ќе функционира преку вкупно три линии. Додека првата линија започнува со работа денеска, за останатите две веќе се подготвува проектната документација.

Според директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, едната линија ќе биде долга 18 километри и ќе го поврзува Волково со Железничката станица Скопје, преку Ѓорче Петров и Скопје Север. Втората линија е планирана во должина од 20 километри и ќе ги опфаќа Миладиновци, Илинден и Маџари, со крајна врска до централната железничка станица.

Ивановски најави дека проектната документација за двете делници треба да биде завршена до крајот на октомври. Доколку се обезбедат потребните финансиски средства во координација со Владата, изградбата би можела да почне до крајот на годинава, а линиите да бидат целосно пуштени во употреба до крајот на 2027, најдоцна до почетокот на 2028 година.

Тагови: Градски воз Скопје

Промовирани огласи »

Личната карта и возачката во телефонот: Во октомври стартува апликацијата „М.услуги“

🔴Во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација „М.услуги“.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на телевизијата „Канал 5“ официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација „М.услуги“.

Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација „М.услуги“. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните - истакна Андоновски.

Преку „М.услуги“, се наведува во соопштението на Министерството за дигитална транформација, граѓаните на едно место ќе може да пристапуваат до личните документи во дигитална форма, како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.

Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.

Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани - рече Андоновски.

Следниот чекор во дигиталната трансформација, се додава во соопштението, е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

Тагови: лична карта Министерството за дигитална трансформација телефон

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »