Пивара Скопје АД лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Контролор на залихи во магацин (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ ВО МАГАЦИН м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи.

ШТО НУДИМЕ?

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии.
  • Фит Кит, бесплатна месечна членарина за повеќе од 300 спортски активности.
  • Годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања.
  • Годишно зголемување на плата врз основа на перформанси.
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
  • 24/7 осигурување од незгода.
  • Можности за обуки и професионален развој.

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Сноси одговорност за состојбата и точноста на залихите во магацинот за готов производ.
  • Обезбедува примена на ФЕФО, ФИФО и 5С стандардите во магацинското работење.
  • Ги следи и контролира движењата на готов производ, амбалажа и палети во системот.
  • Врши контрола на приемот и трансферот на производи помеѓу производството и магацинот и обезбедува точна евиденција во системот.
  • Контролира точност и комплетност на магацинската документација и записи.
  • Следи и контролира процеси поврзани со празна амбалажа, миксирани палети и магацински операции.
  • Подготвува извештаи и обезбедува усогласеност со процедурите за квалитет, безбедност и заштита при работа.

ШТО БАРАМЕ?

  • Средно образование, високо образование ќе се смета за предност.
  • Најмалку 2 години работно искуство во магацинско работење, логистика или управување со залихи.
  • Познавање на SAP, WMS и Microsoft Excel ќе се смета за предност.
  • Аналитичност, ориентираност кон детали и високо ниво на точност.
  • Добри организациски и комуникациски вештини.
  • Способност за работа во динамична средина и почитување на рокови.

ДОКОЛКУ СЕ ПРОНАЃАШ ВО ОПИСОТ И СИ ПОДГОТВЕН/А ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ, АПЛИЦИРАЈ НАЈДОЦНА ДО 10.09.2026 Г.

Неделното работно време за позицијата е 40 работни часа организирани во смени. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »