Пивара Скопје АД лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Соработник во фактурно одделение (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

СОРАБОТНИК ВО ФАКТУРНО ОДДЕЛЕНИЕ

м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи.

ШТО НУДИМЕ

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии.
  • Фит кит – бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности.
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања.
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси.
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
  • 24/7 осигурување од незгода.
  • Хибриден модел на работа.
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации.

ШТО БАРАМЕ

  • Високо образование во обаста на економијата ќе се смета за предност.
  • Искуство во административни, финансиски или сметководствени процеси ќе се смета за предност.
  • Аналитички способности и внимание на детали.
  • Способност за планирање, приоритизирање и навремено завршување на работните задачи.
  • Тимска ориентираност, комуникациски и соработнички вештини.
  • Флексибилност, одговорност и подготвеност за континуирано учење.
  • Добро познавање на англиски јазик.
  • Познавање на MS Office пакет, особено Excel.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Спроведување на процесот на порамнување на директната дистрибуција (DSD) и обработка на соодветната документација.
  • Фактурирање и книжење на магацински и продажни документи.
  • Следење на точноста и комплетноста на документацијата, како и иницирање корекции при утврдени отстапувања.
  • Подготовка на редовни контролни извештаи и обезбедување навремена обработка на документите во системот.
  • Архивирање на документацијата согласно интерните процедури и стандарди.

Доколку се пронаоѓаш во описот, аплицирај најдоцна до 10.09.2026.

Неделното работно време е од понеделник до петок 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »