
За компанијата: Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на производи од медицински канабис. Компанијата е извозно ориентирана, со сопствен производствен капацитет во...
повеќе за компанијата » Менаџерот за обезбедување квалитет е одговорен за обезбедување на постојан квалитет на производството преку развивање и спроведување на системи за добра производна пракса (GMP); валидација на процеси; обезбедување документација и раководен кадар. Оваа позиција потврдува дека сите надворешни и внатрешни барања се исполнети пред производот да биде пуштен во промет. Оваа работна позиција е исто така одговорна за проверка на постапките и резултатите и идентификување на грешки или несообразност во процедури.
Одговорности
- Контролира процедури и обезбедува усогласеност со GMP, креира, пишува и одобрува SOP во согласност со GMP.
- Финален преглед вклучувајќи преглед на аналитички и микробиолошки резултати, отстапувања и контроли на промена.
- Ја води постапката и активностите што произлегуваат од корективните и превентивни мерки.
- Проверува дали годишниот преглед на производот се спроведува во согласност со стандардите.
- Надгледува дали програмата за усогласеност со процедури и норми соодветно се спроведува и дали сите критични трендови се решаваат соодветно.
- Го надгледува и управува системот за контрола на суровини.
- Обука за GMP за нов и тековен персонал
- Планира, координира и надгледува лабораториски анализи за активности за усогласување, одговор при итни случаи, студии на локации, студии за здравје и безбедност, испитувања и санација.
- Ефикасно и ефективно спроведува точни проценки за неуспеси за да се поправи основната причина и да се обезбеди континуирано подобрување
- Директно управува со целиот тим за осигурување на квалитет (QA).
- Обезбедува упатства за сите други оддели во однос на GMP.
- Вклучен во ИСУ (Интегриран Систем за Управување)
- Други одговорности поврзани со програмите и процедурите за осигурување квалитет, во согласност со вештините и квалификациите на кандидатот.
Квалификации
- 10 години работно искуство во оддел за осигурување на квалитет.
- Диплома за завршени додипломски студии во една од овие области: фармација, хемија, биологија.
- Искуство во производство на лекови или природни здравствени производи.
- Одлична способност за имплементирање и одржување на систем за обезбедување на квалитет, вклучувајќи: преглед на сериски записи, контрола на документите вклучувајќи испитувања за квалитет.
- Одлично познавање на MS Office.
- Одлична способност за технолошко пишување (SOPs, годишни извештаи, истражувачки резимеа итн).
- Одлична способност да работи независно, со силно внимание на детали.
- Одлична способност да зборува и пишува на англиски јазик.
Слични огласи »