СИНЦЕРИТАС АД Скопје лого

Фармацевт во развој на производен процес

За компанијата: Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на производи од медицински канабис. Компанијата е извозно ориентирана, со сопствен производствен капацитет во... повеќе за компанијата »

Доколку си личност на која ѝ е предизвик:

  • Да имплементира нови фармацевтски технологии,
  • Да учествува во развој и оптимизација на производствени процеси,
  • Да влијае директно на квалитетот на нови производи,
  • Да решава девијации и предлага ефикасни корективни и превентивни мерки –
  • тогаш ова е позицијата создадена за тебе!

ТВОЈАТА УЛОГА ЌЕ ВКЛУЧУВА:

  • Учество во развој и оптимизација на процеси за фармацевтско производство
  • Имплементација на нови производствени технологии и скалирање на производствени параметри
  • Поддршка при валидација на процеси и изработка на поврзана техничка документација
  • Учество во анализа на производствени девијации и предлагање на CAPA (корективни и превентивни мерки)
  • Поддршка при развој на нови производи и подобрување на постојни формулации
  • Работа со високософистицирана опрема, во согласност со GMP и EU стандарди

КОГО БАРАМЕ?

  • Магистер по фармација
  • Со или без претходно работно искуство во фармацевтска индустрија
  • Прецизна и одговорна личност, со желба за учење и успех
  • Лице што размислува аналитички, има „око за детал“ и сака да се надоградува
  • Личност која не бега од предизвици и сака да биде дел од амбициозна приказна

ЗОШТО СИНЦЕРИТАС?

Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на медицински канабис производи. Ние сме извозно ориентирана компанија, со производствен погон во Северна Македонија и деловни активности во Германија.

Работиме според највисоките европски и индустриски стандарди, со GACP, EU GMP, ISO 9001, 14001, и 45001 сертификати. Нашата работа се води од европски менталитет, каде што извонредноста, дисциплината и квалитетот се начинот на кој градиме успех.

ШТО НУДИМЕ?

  • Работа во динамична и иновативна средина
  • Менторство од домашни и странски експерти
  • Можност за обуки во странство и професионален развој
  • Вклученост во високоинтегрирани производни процеси
  • Бонус програма и наградување според перформанс
  • Програма за лојалност и долгорочна кариера во рамки на компанијата

АПЛИЦИРАЈ:

Ако си ентузијаст кој сака да учи, да расте и да создава фармацевтски решенија што носат промена – твоето место е кај нас!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »