Промовирани огласи »

Вработување во Еast Gate Mall, Кромберг и Шуберт, Лидл!

Огласи за работа во Еast Gate Mall, Кромберг и Шуберт, Лидл!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО
ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИИ
ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕЛЕКТРО СИСТЕМИ

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА ПОДЕСУВАЊЕ НА АЛАТИ
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ

Синцеритас АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.

Моментално вработува:

SENIOR QUALITY CONTROL ANALYST - PHARMACEUTICAL INDUSTRY
ФАРМАЦЕВТ ВО РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕС И ВАЛИДАЦИЈА
HEAD OF QUALITY CONTROL - PHARMACEUTICAL INDUSTRY

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ НА ФРИЖИДЕРИ, КЛИМИ И ОПРЕМА
ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈНЕР НА ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – СТРУГА
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – СКОПЈЕ
РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
РЕФЕРЕНТ ЗА УВОЗ – ИЗВОЗ

H&M Hennes & Mauritz AB е шведска мултинационална компанија позната по својот модерен и пристапен текстилен асортиман.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Владата разгледува даноци за немажени и неженети: Демографската рецесија во фокусот

Премиерот Мицкоски најави можни дополнителни даноци за немажени и неженети, ставајќи акцент на демографските предизвици со кои се соочува Македонија.

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, објави премиерот Христијан Мицкоски. Оваа мерка има за цел да ги стимулира младите да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, додека се пребаруваат решенија за алармантната демографска рецесија.

Мицкоски ја истакна важноста на прашањето за падот на наталитетот и стареењето на населението, посочувајќи дека овој феномен не е специфичен само за Македонија. Тој направи споредба со земји како Германија, Италија, и Јапонија, каде исто така опаѓа наталитетот и младите се селат во потрага по подобра иднина.

Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. Наша задача е да обезбедиме иднина за младите и да се спречат негативните трендови, рече Мицкоски. Владата ќе продолжи со развојот на политики за подобрување на условите за живот и работа, поттикнувајќи го враќањето на отселените и зголемувањето на наталитетот во земјата.

Тагови: данок Христијан Мицкоски брак

Промовирани огласи »

Што никогаш не треба да кажувате пред колегите или шефот?

Топ 10 начини како да си ја саботирате кариерата со една реченица

Работното место е повеќе од канцеларија - тоа е мрежа од односи, перцепции и доверба. Начинот на кој зборуваме на работа често кажува повеќе за нас од самото CV. Една непромислена реченица може да остави лош впечаток, да ви го загрози угледот, па дури и да влијае на вашата идна кариера. Еве неколку фрази што е најдобро никогаш да не ги изговорите пред шефот или колегите:

1. „Тоа не е моја работа.“

Иако е важно да имате јасни граници, оваа реченица може да звучи арогантно и непрофесионално. Наместо тоа, пробајте со: „Ова не е дел од моите редовни задачи, но ќе видам што можам да направам.“

2. „Мене не ми се работи денес.“

Иако сите имаме „лоши денови“, оваа фраза испраќа порака на немотивираност и незаинтересираност. Оставете ја за најблиски пријатели – не за состанок со менаџерот.

3. „Колку заработуваш ти?“

Парите се чувствителна тема. Прашањата за плати, бонуси и привилегии треба да се разговараат само кога е соодветно и со луѓе од HR – не во кујната со колегата.

4. „Тоа не е фер.“

Наместо да звучите како да се жалите, изразете ги вашите забелешки конструктивно. Пример: „Може ли да поразговараме за ова? Имам некои дилеми околу распределбата.“

5. „Нема шанси да успееме.“

Песимизмот е заразен. Дури и кога сте загрижени, важно е да покажете зрелост и да понудите решение. Луѓето ќе ве паметат по тоа како се однесувате во тешки моменти.

6. „Шефот нема поим.“

Говорењето лошо за менаџментот – особено зад грб – скоро никогаш не завршува добро. Ваквиот став може брзо да ви го уништи кредибилитетот, дури и кај колеги што ви се блиски.

7. „Јас така си работам.“

Отпорот кон промени или нови начини на работа може да се протолкува како некооперативност. Флексибилноста е клучна особина на секој модерен професионалец.

Вашите зборови се вашиот бренд на работа. Размислете двапати пред да кажете нешто што може да се протолкува погрешно, особено во стресни ситуации. Наместо да зборувате премногу – слушајте, прашувајте паметно и однесувајте се професионално. Ќе бидете забележани и запаметени по тоа.

Веќе ти е сеедно дали работиш или не, прочитајте и за: Кога работиш, но веќе не си тука – вистината за „тивкото напуштање

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Годинава запишани повеќе студенти од лани, речиси 60% од нив се студентки

Најголем дел од нив се запишале на државните високообразовни установи.

Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53.535 студенти, што е зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Над половина од запишаните, 31.734 или 59.3 отсто, се студентки. Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 проценти на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2024/2025 година, се запишале 14.644 студенти или 27,4 отсто од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13.825 студенти во прва година се запишале првпат, наведува ДЗС во објавата.

Во академската 2024/2025 година најмногу студенти (13.371) се запишале во областа здравство и социјална заштита, потоа во областа бизнис, администрација и право (10.839) и на информатичко-комуникациски технологии (8.875). Најмалку запишани студенти имало во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина (740).

Тагови: Државен завод за статистика студенти

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »