
Плата од 50.000 ден. до 60.000 ден.
За компанијата: Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на производи од медицински канабис. Компанијата е извозно ориентирана, со сопствен производствен капацитет во...
повеќе за компанијата »Менаџерот за одржување и инженерство ја организира и надгледува работата на Одделот за Технички Операции, вклучително, но не и ограничувајќи се на системот HVAC, системот за автоматизација, за прочистена вода, компримиран воздух и системот за гасови.
Одговорности:
- Надзор, контролна квалификација и одржување на работата на спроведените системи за технички операции, како што се: HVAC, системот за автоматизација, за прочистена вода, компримиран воздух и системот за гасови.
- Организација, контрола и целокупно управување со работата на тимот за технички операции.
- Одговорен за калибрaција на опремата и водење евиденција за калибрација заради осигурување на квалитет во работењето.
- Програмирање, симулирање и тестирање на процесите или опремата, како и на автоматизираните компоненти на истата заради осигурување на нивната функционалност во склад со нивниот дизајн.
- Креирање на Стандардни Оперативни Процедури (СОП), развој и одржување на јасна и точна документација за опремата и процесите за техничко работење.
- Обука на персоналот кога тоа е потребно, обично по спроведување на нови процеси или опрема, или правење измени на постојните.
- Обезбедува и контролира одржување на капацитетите на Kомпанијата по потреба и гарантира дека сите проверки (инспекции, вклучително и тестови/мерења извршени од експерти) се вршат редовно;
- Обезбедува усогласеност со прописите за заштита на производството и безбедност во работењето, заштита на животната средина, заштита од пожари со вршење на редовни проверки (инспекции);
- Обезбедува функција за поддршка за градежни планови и проекти за реконструкција;
- Извршува и други задачи од кои се во согласност со неговите квалификации и вештини
-
- Доставува извештаи до менаџметнтот со индикатори на клучни перфоманси (KPI) и предлог решенија за зголемување на ефикасноста во работењето.
Квалфикации
- Диплома за завршено средно образование од областа на електротехника или машинско инженерство или поврзано.
- Најмалку 5 години релевантно искуство.
- Одлични компјутерски вештини.
- Способност за решавање проблеми поврзани со опремата – оваа улога се однесува на отстранување грешки во постоечкиот систем или нивно решавање.
- Комуникациски вештини – да знаат да им објаснат нови и сложени идеи на засегнатите страни од сите нивоа во рамките на мултидисциплинирани тимови. Поседување пишани комуникациски вештини за водење евиденција и документација, клучен дел од овие регулирани индустрии.
- Решавање проблеми и креативно размислување – ова е неопходно за решавање проблеми при нивното појавување и наоѓање на ефективни решенија.
- Оргнизациски вештини – мапирање проекти, давање приоритет во зависност од обемот на работа и чување точна документација.
- Флексибилност и прилагодливост – да биде во тек со развојот на најновите технологии.
- Одлично владеење на пишан и говорен англиски јазик.
Слични огласи »