Промовирани огласи »

Што никогаш не треба да кажувате пред колегите или шефот?

Топ 10 начини како да си ја саботирате кариерата со една реченица

Работното место е повеќе од канцеларија - тоа е мрежа од односи, перцепции и доверба. Начинот на кој зборуваме на работа често кажува повеќе за нас од самото CV. Една непромислена реченица може да остави лош впечаток, да ви го загрози угледот, па дури и да влијае на вашата идна кариера. Еве неколку фрази што е најдобро никогаш да не ги изговорите пред шефот или колегите:

1. „Тоа не е моја работа.“

Иако е важно да имате јасни граници, оваа реченица може да звучи арогантно и непрофесионално. Наместо тоа, пробајте со: „Ова не е дел од моите редовни задачи, но ќе видам што можам да направам.“

2. „Мене не ми се работи денес.“

Иако сите имаме „лоши денови“, оваа фраза испраќа порака на немотивираност и незаинтересираност. Оставете ја за најблиски пријатели – не за состанок со менаџерот.

3. „Колку заработуваш ти?“

Парите се чувствителна тема. Прашањата за плати, бонуси и привилегии треба да се разговараат само кога е соодветно и со луѓе од HR – не во кујната со колегата.

4. „Тоа не е фер.“

Наместо да звучите како да се жалите, изразете ги вашите забелешки конструктивно. Пример: „Може ли да поразговараме за ова? Имам некои дилеми околу распределбата.“

5. „Нема шанси да успееме.“

Песимизмот е заразен. Дури и кога сте загрижени, важно е да покажете зрелост и да понудите решение. Луѓето ќе ве паметат по тоа како се однесувате во тешки моменти.

6. „Шефот нема поим.“

Говорењето лошо за менаџментот – особено зад грб – скоро никогаш не завршува добро. Ваквиот став може брзо да ви го уништи кредибилитетот, дури и кај колеги што ви се блиски.

7. „Јас така си работам.“

Отпорот кон промени или нови начини на работа може да се протолкува како некооперативност. Флексибилноста е клучна особина на секој модерен професионалец.

Вашите зборови се вашиот бренд на работа. Размислете двапати пред да кажете нешто што може да се протолкува погрешно, особено во стресни ситуации. Наместо да зборувате премногу – слушајте, прашувајте паметно и однесувајте се професионално. Ќе бидете забележани и запаметени по тоа.

Веќе ти е сеедно дали работиш или не, прочитајте и за: Кога работиш, но веќе не си тука – вистината за „тивкото напуштање

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Годинава запишани повеќе студенти од лани, речиси 60% од нив се студентки

Најголем дел од нив се запишале на државните високообразовни установи.

Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53.535 студенти, што е зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Над половина од запишаните, 31.734 или 59.3 отсто, се студентки. Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 проценти на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2024/2025 година, се запишале 14.644 студенти или 27,4 отсто од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13.825 студенти во прва година се запишале првпат, наведува ДЗС во објавата.

Во академската 2024/2025 година најмногу студенти (13.371) се запишале во областа здравство и социјална заштита, потоа во областа бизнис, администрација и право (10.839) и на информатичко-комуникациски технологии (8.875). Најмалку запишани студенти имало во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина (740).

Тагови: Државен завод за статистика студенти

Промовирани огласи »

Висината на минималната плата во Србија ќе биде позната за две недели, a целта е да достигне 650 евра

Во Владата на Србија денеска се одржа колегиум на Социјалниот и економски совет, каде што тема на дискусија беше предлогот на Владата за зголемување на минималната плата во Србија, објави министерот за финансии Синиша Мали. 

Во следните две недели ќе има состанок на Социјалниот и економски совет, каде што ќе се донесе конечната одлука за зголемувањето. 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека верува дека работодавачите ќе прифатат зголемување на минималната плата, како и дека државата ќе преземе дел од овој товар. 

Тагови: минимална плата Србија

Промовирани огласи »

Пеколни денови пред нас – совети за заштита од топлиот бран

Се препорачува зголемен внес на течности и заштита од сонце, со цел да се намали ризикот од топлотен удар и дехидрација во овие екстремно топли денови

Топлиот бран од Африка што го зафати поголемиот дел од Европа, регионот и Македонија ќе продолжи до крајот на неделата, носејќи исклучително топло време и висока вредност на УВ индексот, кој достигнува 9. Температурите ќе се движат меѓу 32 и 41 степен, а во Скопскиот регион се очекува да достигнат и до 40/41 степен. Особено во недела попладне се предвидува појава на локална нестабилност, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за краткотрајно невреме со појава на град.

Апелираме до граѓаните, особено повозрасните лица и хронично болните, да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот – од 11 до 17 часот. Воедно, се препорачува зголемен внес на течности и заштита од сонце, со цел да се намали ризикот од топлотен удар и дехидрација во овие екстремно топли денови

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

04.07.2025 Петок   25° / 36° 06:07   21:13
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h














36°
36°
36°
36°
35°
34°
31°
29°
27°
25°

4

4

4

4

3

2

2

2

2

2
05.07.2025 Сабота   20° / 37° 06:08   21:12
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
24°
23°
22°
21°
20°
20°
21°
24°
28°
30°
32°
34°
35°
36°
37°
37°
37°
36°
36°
35°
32°
29°
27°
26°

2

2

2

2

2

2

3

3

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

4

2

3

2

2
06.07.2025 Недела   23° / 37° 06:09   21:12
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
25°
24°
23°
23°
23°
23°
24°
25°
27°
29°
31°
33°
34°
35°
36°
36°
37°
34°
35°
34°
32°
29°
28°
27°

2

2

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

4

4

4

4

5

3

2

2

2

2

1
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »