Промовирани огласи »

Минчев: 40% од администрацијата не работи или избегнува работа

Минчев вели „40% од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа“

Министерот за јавна администрација Горан Минчев изјави дека 40 проценти од административците или не работат или се обидуваат да избегнат работни обврски. Според него, целта е јавната администрација да не биде заштитена зона за партиски назначени и нефункционални кадри. Минчев нагласи дека формирањето на министерството за јавна администрација е политичка порака која се стреми кон професионализација и ефикасност на јавните институции.

Министерот истакна дека во секоја институција постојат три групации на вработени кои работат со различен степен на ангажман. Најави дека ќе се вложат напори за интеграција и обука на оние кои не ја исполнуваат својата работна задолженост, нагласувајќи дека нема да се толерира примање плата без работа. „Тоа значи дека нема веќе плата ако не работиш“, рече Минчев, додека ги презентираше постигнатите резултати од своето министерство.

Тој исто така објави дека законските решенија од јавните консултации се во завршна фаза во Собранието. Минчев ја подвлече важноста од тренинг и обуки за млади и потенциални вработени, како и дека недостигот на заинтересирани нови кандидати е предизвикан од ниските плати во јавната администрација. „Просекот на возраст е голем и се соочуваме со недостиг на кадар,“ предупреди министерот.

Тагови: државна администрација Горан Минчев

Промовирани огласи »

Фрчат откази во „Мајкрософт“

„Мајкрософт“ најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени

„Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на три проценти од вработените на сите нивоа и географски подрачја. Компанијата најави и намалување на одредени хиерархиски нивоа.

Тоа ќе биде помалку од четири отсто од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9.000 вработени. Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина, се наведува во соопштението на „Мајкрософт“, каде работат 228.000 луѓе.

Намалувањето на бројот на вработени најверојатно е предизвикано од примената на вештачката интелигенција (ВИ). „Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30 проценти од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ.

Тагови: Microsoft отпуштање отказ

Промовирани огласи »

УНИБанка ја редефинира иднината на трансферите на средства со Visa+

Испратете пари – брзо, сигурно и едноставно, дома и во странство!

УНИБанка АД Скопје, следејќи ги потребите на своите клиенти, воведе нова функционалност – трансфер на средства на Visa картичка. Ова е иновативна функционалност Visa+ со која се овозможува трансфер на средства на дебитна картичка во земјата или странство преку мобилен број.

Во услови кога живееме динамично, често патуваме, имаме бројни обврски и секогаш недостиг на време, можноста преку мобилна апликација да направиме брз и лесен трансфер на средства е нешто што би ни било од голема помош.

Со новата функционалност Visa можеме преку апликацијата за мобилно банкарство, едноставно и сигурно да испратиме средства до корисници на Visa картички, во земјата и во странство.

Станува збор за најнова функционалност во мобилното банкарство со која УНИБанка само ја потврдува својата позиција на лидер за напредни дигитални банкарски решенија, со кои се олеснува секојдневното функционирање и им се помага на клиентите да го трансформираат и поедностават начинот на кој управуваат со своите средства.

Целта е клиентите да можат да го реализираат трансферот самостојно, поекономично и без дополнителни документи, a крајниот корисник да го добие вкупниот износ на средства.

Со новата услуга, границите веќе не се пречка, нема потреба од коресподентни банки, префрлувањето пари кон пријатели, семејство или деловни партнери станува полесно од кога било. Без граници, без чекање.

Не се потребни комплицирани податоци – доволни се само телефонскиот број на примачот со регистрирана картичка во Visa+, или бројот на Visa картичка на примачот. 

Клучни придобивки од новата услуга:

  • Брзина: Трансфер во реално време – средства за само неколку минути;
  • Едноставност: Без пополнување на сметки, документи за намена;
  • Безбедност: Заштитена технологија за обработка на трансакции;
  • Достапност: Секогаш и секаде преку мобилната апликација;

Со Visa+, Вашиот трансфер на средства е побрз, побезбеден и поедноставен!

За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница www.unibank.mk

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Вработување во Стокомак!

Најди работа во Стокомак!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »