Промовирани огласи »

Што правиме со праксите во Македонија?- резултати од анкетата на KARIERA.mk

Праксата носи вредно искуство, но само дел од младите добиваат понуда за работа или препорака, што покажува потреба од поголема поврзаност меѓу практиката и реалните можности за вработување.

Во месец јуни спроведовме анкета со наслов „ПРАКСА. ИСКРЕНО. Што правиме со праксите во Македонија?“, со цел да добиеме јасна слика за искуствата, условите и предизвиците со кои се соочуваат младите (и не толку младите) при обавување практична работа во земјава.

Анкетата опфати 282 испитаници, од кои значителен дел се жени, како и лица над 30 години, што укажува дека темата за практично искуство не е важна само за ученици и студенти, туку и за повозрасни лица кои сакаат да се преквалификуваат, стекнат нови вештини или влезат на пазарот на труд.

Голем дел од испитаниците имаат лично искуство со пракса – било како практиканти, организатори на пракса или и двете. Истовремено, многумина изразија интерес дури и ако досега не биле дел од ваков процес. Овој интерес и различните перспективи што ги споделија учесниците, јасно укажуваат дека праксата веќе има значајна улога во градењето на професионалниот пат, но и дека постои простор и потреба за понатамошна поддршка, шанси и охрабрување – особено за оние кои сè уште ја набљудуваат приказната од страна.

Колку пати си бил/а дел од пракса (како практикант или организатор)?

Овие податоци ни покажуваат дека дури 80% од испитаниците имаат барем едно искуство со пракса, што е охрабрувачки податок за културата на практична работа.

🟩 28.4% биле повеќе од 3 пати дел од пракса – што укажува на високо активно учество и континуиран интерес.

🟡 25.2% имаат 2 до 3 искуства, што говори за стабилна вклученост.

🔴 28% биле еднаш, што може да биде нивен прв чекор во праксата.

🔵 18.4% никогаш не биле дел од пракса – потенцијална група за мотивација и вклучување во иднина.
Каде се одвиваше праксата/практиките?

Праксата најчесто се одвива во поголеми компании и микро фирми, но има и значајно учество на државни институции и старт-апи. Ова покажува разновидност во можностите за стекнување практично искуство.

🔹 Најголем број учесници (29.7%) ја завршиле праксата во голема компанија, што укажува дека ваквите организации се најчести домаќини на практиканти.

🔸 28% одговориле дека биле во мала/микро фирма, што значи дека и малите бизниси играат значајна улога во професионалното обучување.

🟩 19.5% одговориле дека биле во државна институција, што покажува интерес за јавниот сектор.

🔵 3.1%% биле во старт-ап компании, што укажува на привлечноста на динамичната и иновативна средина.

🟣 2.8% биле дел од невладина организација

А останатиот дел, 18% не биле дел од практикантска работа.

Колку траеше?

Најчеста должина на пракса е од 1 до 3 месеци, додека скоро една петтина од испитаниците немаат завршено пракса. Ова укажува на простор за подобрување и систематизација на практичните програми.

🔹 17.4% одговориле дека не биле на пракса, што е значајна бројка и покажува дека дел од младите сè уште немаат практично искуство.

🔵 16.3% велат дека праксата траела помалку од 1 месец, што сугерира краткорочни и потенцијално симболични пракси.

🟩 16.7% имале пракса со времетраење од 3 до 6 месеци, што е прилично стабилен период за стекнување на конкретни вештини.

🟧 11.7% кажале дека праксата траела над 6 месеци, што укажува на посериозни и долгорочни инволвирања.

🟣 Мал дел (помалку од 5%) се изјасниле дека не се сеќаваат, но било долго.

Каква беше финансиската страна?

Неплатените пракси сè уште доминираат, а само секој шести млад човек имал целосно платена пракса. Ова ја нагласува потребата од регулатива и подобро вреднување на младинската работа.

🟠 25.2% имале делумно платена пракса – често значи покривање на основни трошоци или скромен надомест.

🔵 16% имале целосно платена пракса, што покажува дека сè уште мал дел од организациите се подготвени да понудат целосен финансиски ангажман.

🟢 9.2% од испитаниците добиле симболична награда (кафе/ручек), што покажува ниска вреднување на трудот.

🟣 Дел (многу мал процент) не знаеле ни дали треба да прашаат за надомест, што зборува за недоволна информираност или несигурност кај младите.

🔹 16.7% не биле на пракса, што е исто како и кај претходните прашања.

Што најчесто беа обврските како практикант/ка?

Повеќе од половина од испитаниците имале продуктивна пракса со вистински обврски, што е позитивен сигнал. Сепак, дел од одговорите укажуваат дека сè уште постојат случаи на пасивна улога или задачи без вредност за учење. За да се подобри искуството за сите, важно е секоја пракса да понуди реална работа, поддршка и вистински простор за раст.

🔵 51.4% одговориле дека добивале реални задачи со одговорност, што значи дека речиси половина од практикантите биле вклучени во вистинска работа, а не само во споредни активности. Ова е многу позитивен показател.

🔴 16.4% биле вклучени претежно во логистичка помош, што е корисно, но често не обезбедува доволно простор за учење.

🟠 6.1% спомнуваат притајни задачи како „носење кафе“ – што иако е мал дел, укажува на тоа дека сепак има примери каде младите се сведени на симболични улоги.

🟣 8.9% рекле дека само гледале, односно не им биле доделени задачи или активна улога.

„Дали практикантот беше вистински дел од тимот?“

Иако третина од испитаниците имале исклучително позитивно искуство со интеграција на практикантите, загрижувачки е што над 22% ги доживуваат практикантите како невидливи или недоволно вклучени.

Позитивни искуства (Да, тотално + Делумно = 60.3%)

Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека практикантот барем делумно бил вклучен во тимот, што е позитивен знак за инклузивност во дел од организациите.

Негативни искуства (Не баш + Како сенка = 22.3%)

Сепак, речиси една четвртина чувствувале дека практикантот не бил интегриран или бил невидлив во работниот процес – што укажува на потреба од подобро водство и поддршка за практикантите.

Неискуство со пракса (17.4%)

Имаше ли менторство и фидбек?

Иако речиси една третина од анкетираните имале позитивно искуство со менторство, загрижува фактот што повеќе од 40% или не добиле доволна поддршка, или воопшто немале водство.

Позитивно искуство (Да, активно) – Третина од испитаниците навеле дека имале активно менторство и фидбек. Ова е охрабрувачки податок кој покажува дека некои компании сериозно ја сфаќаат улогата на менторството.

Ограничено менторство (Малку на почеток) – Најголем дел одговориле дека менторството било само на самиот почеток, што укажува дека недостига континуирана поддршка.

Формално, но не и реално (На хартија постоеше) – 12.4% изјавиле дека менторството било само декларативно, без реална примена.

Практикантите оставени сами на себе (Снајди се сам/а + YouTube беше ментор = 25.9%)

Четвртина од испитаниците се чувствувале како да морале самостојно да се снаоѓаат без никаква насока, што укажува на сериозен недостаток на структура и поддршка.
Што се случи по праксата?

Иако третина од учесниците добиле конкретна корист (работа или препорака), сепак значителен дел останале без понатамошна поддршка или можност. Ова покажува дека постои простор за унапредување на континуитетот по праксата – преку поголема вклученост на ментори и компании во отворање на врати по завршување на практичната работа.

🔵 22.7% добиле понуда за работа, што е многу позитивен резултат и покажува дека праксата може да води кон долгорочна професионална можност.

🟠 8.5% добиле препорака, што е корисен ресурс за понатамошна кариера.

🟡 30.9% рекле дека добиле само искуство, без понатамошен ангажман, но сепак тоа може да биде важен чекор во нивниот развој

🟢 21.3% изјавиле дека не добиле ништо – што е сигнал за подобрување на праксите.

🟣 16.7% не биле на пракса.
Што беше најдобро во твојата пракса (или во праксите што си ги организирал/а)?

Најголем дел од испитаниците ја истакнаа праксата како вредно и позитивно искуство, најмногу поради тоа што научиле реални вештини, биле прифатени како рамноправни членови од тимот и имале флексибилност и слобода во работењето. Овие три елементи – практична примена, чувство на припадност и простор за самостојност – ја прават праксата вистинска можност за личен и професионален развој.

Што беше најлошо во праксата?

Учесниците во анкетата споделија неколку клучни проблеми поврзани со нивната пракса – најчесто биле третирани како „само практиканти“, без вистинска улога или вклученост во тимот, добивале главно банални и административни задачи, и работеле без јасен план, цели или структура. Овие забелешки јасно покажуваат дека праксата мора да биде подобро организирана, со смислени задачи и вистинска поддршка, за да има реална вредност за младите.

Kако би изгледала идеална пракса?

Идеалната пракса, според учесниците, треба да обезбеди поддржувачки ментор кој активно вложува време и знаење, јасно дефинирани цели и очекувања за да има структура и насока, како и финансиска поддршка што го вреднува трудот на практикантот и го мотивира за поголем ангажман.

Што треба да се подобри кај нас за праксите да бидат фер, корисни и инспиративни?

За праксите да бидат фер и корисни, учесниците во анкетата нагласуваат дека потребно е да станат платени како стандард, да се обезбеди поддршка за компаниите што ги организираат, и да има јасна регулатива која ќе ги штити правата на практикантите. Ваквите промени се клучни за создавање култура на пракси што навистина носат вредност и подготвуваат за реалниот работен свет.

Тагови: пракса

Промовирани огласи »

Вработување во Еast Gate Mall, Кромберг и Шуберт, Лидл!

Огласи за работа во Еast Gate Mall, Кромберг и Шуберт, Лидл!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО
ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИИ
ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕЛЕКТРО СИСТЕМИ

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА ПОДЕСУВАЊЕ НА АЛАТИ
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ

Синцеритас АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.

Моментално вработува:

SENIOR QUALITY CONTROL ANALYST - PHARMACEUTICAL INDUSTRY
ФАРМАЦЕВТ ВО РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕС И ВАЛИДАЦИЈА
HEAD OF QUALITY CONTROL - PHARMACEUTICAL INDUSTRY

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ НА ФРИЖИДЕРИ, КЛИМИ И ОПРЕМА
ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈНЕР НА ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – СТРУГА
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – СКОПЈЕ
РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
РЕФЕРЕНТ ЗА УВОЗ – ИЗВОЗ

H&M Hennes & Mauritz AB е шведска мултинационална компанија позната по својот модерен и пристапен текстилен асортиман.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Владата разгледува даноци за немажени и неженети: Демографската рецесија во фокусот

Премиерот Мицкоски најави можни дополнителни даноци за немажени и неженети, ставајќи акцент на демографските предизвици со кои се соочува Македонија.

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, објави премиерот Христијан Мицкоски. Оваа мерка има за цел да ги стимулира младите да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, додека се пребаруваат решенија за алармантната демографска рецесија.

Мицкоски ја истакна важноста на прашањето за падот на наталитетот и стареењето на населението, посочувајќи дека овој феномен не е специфичен само за Македонија. Тој направи споредба со земји како Германија, Италија, и Јапонија, каде исто така опаѓа наталитетот и младите се селат во потрага по подобра иднина.

Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. Наша задача е да обезбедиме иднина за младите и да се спречат негативните трендови, рече Мицкоски. Владата ќе продолжи со развојот на политики за подобрување на условите за живот и работа, поттикнувајќи го враќањето на отселените и зголемувањето на наталитетот во земјата.

Тагови: данок Христијан Мицкоски брак

Промовирани огласи »

Што никогаш не треба да кажувате пред колегите или шефот?

Топ 10 начини како да си ја саботирате кариерата со една реченица

Работното место е повеќе од канцеларија - тоа е мрежа од односи, перцепции и доверба. Начинот на кој зборуваме на работа често кажува повеќе за нас од самото CV. Една непромислена реченица може да остави лош впечаток, да ви го загрози угледот, па дури и да влијае на вашата идна кариера. Еве неколку фрази што е најдобро никогаш да не ги изговорите пред шефот или колегите:

1. „Тоа не е моја работа.“

Иако е важно да имате јасни граници, оваа реченица може да звучи арогантно и непрофесионално. Наместо тоа, пробајте со: „Ова не е дел од моите редовни задачи, но ќе видам што можам да направам.“

2. „Мене не ми се работи денес.“

Иако сите имаме „лоши денови“, оваа фраза испраќа порака на немотивираност и незаинтересираност. Оставете ја за најблиски пријатели – не за состанок со менаџерот.

3. „Колку заработуваш ти?“

Парите се чувствителна тема. Прашањата за плати, бонуси и привилегии треба да се разговараат само кога е соодветно и со луѓе од HR – не во кујната со колегата.

4. „Тоа не е фер.“

Наместо да звучите како да се жалите, изразете ги вашите забелешки конструктивно. Пример: „Може ли да поразговараме за ова? Имам некои дилеми околу распределбата.“

5. „Нема шанси да успееме.“

Песимизмот е заразен. Дури и кога сте загрижени, важно е да покажете зрелост и да понудите решение. Луѓето ќе ве паметат по тоа како се однесувате во тешки моменти.

6. „Шефот нема поим.“

Говорењето лошо за менаџментот – особено зад грб – скоро никогаш не завршува добро. Ваквиот став може брзо да ви го уништи кредибилитетот, дури и кај колеги што ви се блиски.

7. „Јас така си работам.“

Отпорот кон промени или нови начини на работа може да се протолкува како некооперативност. Флексибилноста е клучна особина на секој модерен професионалец.

Вашите зборови се вашиот бренд на работа. Размислете двапати пред да кажете нешто што може да се протолкува погрешно, особено во стресни ситуации. Наместо да зборувате премногу – слушајте, прашувајте паметно и однесувајте се професионално. Ќе бидете забележани и запаметени по тоа.

Веќе ти е сеедно дали работиш или не, прочитајте и за: Кога работиш, но веќе не си тука – вистината за „тивкото напуштање

Тагови: HR совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »