
За компанијата: Агенција за недвижности ДОМ ДИЗАЈН со нејзината поставеност и изградена репутација од своето основање 1993 година до денес, бележи континуиран подем и се наметнува како водечка компанија во нашиот регион, во процесот на промет со недвижности
повеќе за компанијата »Агенција ДОМ ДИЗАЈН бележи континуиран подем од своето основање 1993 година до денес. Визијата на оваа компанија е да понудиме комплетна услуга на нашите клиенти во однос на стручност и професионалност.
Поради зголемениот обем на работа, Агенција ДОМ ДИЗАЈН има потреба од нов иновативен стручен кадар за работна позиција:
БРОКЕР ЗА НЕДВИЖНОСТИ
(1 извршител)
Опис на работно место и одговорности:
- Креирање на дата база на активни недвижнини
- Континуирано следење и истражување на пазарот, следeње на нови инвеститори
- Воспоставување на позитивни професионални релации со клиенти
- Склучување на посреднички договори со заинтересирани клиенти, преговарање и советување за услови на пазарот
- Познавање на законски регулативи за успешно спроведување и затвoрање на продажба
- Организирање и евалуација на активности
- Ажурирање на податоци и изготвување на извештаи
Потребни квалификации:
- Најмалку ССС - завршено средно образование
- Претходно искуство во продажба/ наем на недвижнини ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутери и MS Office пакет
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б - категорија / активен возач
Личен профил:
- Позитивен ментален став
- Одлични комуникациски и преговарачки способности
- Динамичност и креативност
- Организираност и самоиницијативност
- Претставителност, професионален однос кон клиентите
- Насоченост кон остварување на резултати
- Желба за континуиран професионален напредoк
Ние нудиме:
- Комплетна програма, обука за прилагодување и вовед во работата
- Можност за професионален развој
- Динамична и пријатна работна атмосфера
- Основен надомест + процент од реализација
- Бонуси и награди
Доколку сакате да станете дел од тимот на нашиот стручен кадар, пратете ваша биографија и мотивационо писмо на е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “оглас за Брокер за недвижнини“.
Слични огласи »