За компанијата:
„Мебел Ацевски“ е македонска фирма, со визија да го подобри квалитетот на просториите за живеење, канцелариските и јавни простории. Секој производ е резултат на долг процес на проектирање,... повеќе за компанијата »
Потребни квалификации:
- Високо образование се смета за предност
- Работно искуство во полето на книговодствено/ финансово работење во времетраење од најмалку 5 години.
- Познавање на административно-финансиски работи и материјално книговодствените принципи во пракса
- Познавање на работа на компјутер (МS office апликациите, а посебно Word и Excel)
Опис на работата
- Водење на материјално и финансиско книговодство
- Изготвување на излезни фактури
- Евиденција на влезни фактури
- Kнижење на работни налози
- Контрола и евиденција на исправноста на влезно излезните документи
- Архивирање
- Познавање и пратење на актуелните прописи , законски измени од работни односи
- Евидентирање на документите/ влезни и излезни фактури /и нивно педантно архивирање
- Припрема на различни видови анализи, документација за учество на тендери, прегледи, компензации, цесии, салдирање на картици со комитенти
- Салдирање на картици со комитенти
- Асистирање во припрема на различна документација, изготвување на договори со фирми, и координација во работата при инспекциски контроли
- Секојдневна координација и блиска соработка со сметководство и грижа за предметите на клиентите;
- Водење за персоналните досиеа на вработени - Одјава / пријава на вработени;
- Архивирање на документи и грижа за архивското работење
- Прием на пошта-евидентирање и архивирање, дистрибуирање;
- Административна подршка во работењето (подготвување и доставување на известувања, дописи , барања и сл.).
Клучни потребни квалитети:
Организираност, прецизност, одговорност, тимска работа, ажурност, лојалност, интерес и посветеност кон работата.
Пријавите треба да вклучуваат: кратко мотивационо писмо и биографија(CV) кои треба да се испратат на меил: [најави се за да го видиш е-маилот] заклучно до 15.12.2021
* На разговор ке бидат повикани само кандидатите кои ке влезат во потесниот избор направен од страна на огласувачот.