Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавува оглас за вработување на Административен соработник кој ќе придонесе за ефикасно функционирање на секојдневните активности на организацијата.
Бараме организирана, одговорна и проактивна личност, со аналитички пристап и одлични комуникациски вештини, која е ориентирана кон детали и способна за работа во динамична средина.
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование (општествени науки се предност);
- Активно познавање на англиски јазик; Работната позиција опфаќа директна комуникација на англиски јазик (пишан и говорен англиски јазик)
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, PowerPoint);
- Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
Одговорности и работни задачи:
- Водење на календар на активности и координација на настани;
- Комуникација по е-пошта и телефон со членки, институции и партнери;
- Архивирање и водење евиденција на документи;
- Подготовка и поддршка при изработка на извештаи, дописи и записници;
- Поднесување документи и дописи до државни институции и други тела;
- Административно и канцелариско работење;
- Деловна кореспонденција со институции во земјата и со меѓународни организации;
- Учество во подготовка и реализација на состаноци, обуки, семинари и други организациски активности;
- Учество во проекти;
- Други тековни обврски.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Способност за работа во тим
- Самоиницијативност
- Одлични комуникациски вештини
- Организираност и внимание на детали
- Истражувачки и аналитички вештини
Зошто да ни се придружите?
Работната позиција е со полно работно време од понеделник до петок со можност за работа на неопределено работно време.
Доколку сакате да бидете дел од тимот кој е посветен на подобрување на работничките права во Македонија и прави општествени промени, во КСС имате можност да работите на значајни и влијателни прашања.
КСС нуди можности за професионален развој преку учество на семинари, конференции, обуки, работилници, школи во земјата и во странство.
Доколку сте заинтересирани за оваа работна позиција аплицирајте со доставување на CV на македонски јазик на следната e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Ве молиме во Subject наведете: Име_Презиме_Апликација за административен соработник
Рокот за аплицирање е најдоцна до 26.09.2025 година
Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Со аплицирање на оваа работна позиција се согласувате Вашите лични податоци да се собираат, обработувааат и чуваат за потребите на процесот на регрутација. По завршување на регрутацијата податоците се чуваат во согласност со законските прописи. Согласноста можете да ја повлечете во секое време со испраќање на меил на [најави се за да го видиш е-маилот]