
За компанијата: Основана во 2010 година, Д.Мед Медикал е првата приватна специјална болница во Македонија по Нефрологија со дијализа. Како дел од германската групација D.med Healthcare, дадовме значителен придонес во македонскиот здравствен систем, особено за пациентите на кои им е потребна хронична дијализа.
повеќе за компанијата »ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа ДИАМЕД Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работнo место:
Office Assistant
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование
- Работно искуство минимум две години со канцелариско работење
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
- Задолжително познавање на англиски јазик
Потребни карактеристики и вештини:
- Способност за брзо учење
- Развиени комуникациски вештини
- Организираност, способност за тимска работа
Главни одговорности:
- Врши заверка на документи во Архивска книга;
- По потреба врши нарачки на медицински и канцелариски материјал за потребите на Установата;
- Одржува контакти со деловни соработници;
- Подготвува и доставува поднесоци до надлежни органи;
- Изготвување на статистички извештаи;
- Закажување состаноци.
Доколку сметате дека ги исполнувате погоренаведените услови, Ве охрабруваме да ни ја испратите Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, и истата доставете ја најдоцна до 28.02.2025 година на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »