Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ  поскапеа за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од денеска, од 00:01 часот на полноќ, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 45,373 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 7,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 3,205 ден/кг и сега ќе изнесува 45,373 ден/кг.

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно - правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба

Виш соработник за евиденција и осигурување на општински имот и јавни набавки, Одделение за финансиски работи, Сектор за финансиски прашања

Самостоен референт - комунален редар, Одделение за градежна инспекција и инспекциски надзор над вршењето на работите од другите надлежности на општината, Сектор за инспекциски работи - Инспекторат

Помлад соработник за усогласување на сметки, Одделение за финансии, Сектор за заеднички работи

Помлад соработник за финансии (финансиско работење), Одделение за финансии, Сектор за заеднички работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Синдикалната кошница во јули изнесува 68.498 денари, со кирија потребни над 83.000

Иако е забележано мало намалување во однос на јуни, трошоците за живот за едно четиричлено семејство и натаму остануваат високи, покажуваат најновите пресметки на ССМ.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2026 година изнесува 68.498 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Иако во споредба со јуни е забележано минимално намалување од 156 денари, трошоците за основните животни потреби за едно четиричлено семејство и натаму остануваат високи.

Доколку во месечната пресметка се вклучи и изнајмување стан од 60 квадратни метри, вкупната сума се искачува на 83.873 денари. Најголем дел од буџетот и натаму оди за храна и пијалаци, за што во јули биле потребни 25.012 денари, односно 36,5 проценти од вкупната кошница.

По ова следуваат трошоците за образование со 7.192 денари, облека и обувки со 6.511 денари, како и станарина, вода, електрична енергија и греење со 6.379 денари. За рекреација и култура се издвојуваат 5.592 денари, за транспорт 5.041 денар, а за комуникации 3.677 денари. ССМ посочува дека оваа пресметка се однесува на четиричлено семејство без автомобил и ги опфаќа основните месечни трошоци за нормално функционирање.

Тагови: минимална кошница семејство Сојуз на синдикатите (ССМ)

Промовирани огласи »

Вработување во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Магационер
Рачен пакувач
Фармацевтски техничар со уверение - Битола
Фармацевтски техничар со уверение - Општина Гази Баба

Останатите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Останатите огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »