
За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање...
повеќе за компанијата »Финасиско друштво Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг.
Во насока на наш постојан развој и раст, се стремиме да интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.
Поради зголемување на обемот на работа, бараме личност за проширување на нашиот тим како
Специјалист за оперативно работење/ИТ
Позицијата вклучува:
- Секојднавна работа во CRM (искуство во CRM се смета за предност). Преглед, корекција и развој на нови процеси
- Врши набавка и инсталација на ИТ опрема за потребите на компанијата
- Инсталација, администрација, мониторинг и сервисирање на Оперативните системи и техника во компанијата
- Поставување, инсталација, одржување, следење и евидентирање на дефекти при работата со компјутерската и мрежната опрема и комуникациските уреди
- Имплементација, оптимизација и одржување на CRM
- Имплементација, администрација, оптимизација, управување и одржување на Windows Server OS
- Развој и имплементација на нови кредитни производи и услуги
- Развиени вештини Google Drive, Excel, Word, Outlook
- Секојдневни административно – технички задачи во координација со останатиот тим
Идеалниот кандидат поседува:
- Високо образовение (предност Економски Факултет или ИТ)
- Работно искуство во финансиско друштво (банка) во back office се смета за предност
- Покажана способност за извршување на работни функции во согласност со процедурите и политиките на организацијата
- Аналитички мислител со одлично решавање на проблеми, истражување, дијагностичка и тимска работа
- Самоиницијативен со способност и желба да бара решенија за сложени проблеми
- Демонстрирани силни вербални и писмени вештини за комуникација, вештини за услуги на клиенти и вештини за самостојно управување. Ефикасно да ги разбере и преведе барањата на корисниците во активности и испораки
- Способност за ефективна интеракција со сите нивоа на организацијата на професионален и одговорен начин во секое време
- Задолжително е да сакаш да учиш, истражуваш. Да си личност која е љубопитна, мултикастинг, снаодлива, со безброј идеи, прашања и сугестии. Се останато ќе научиш тука.
Што ти нудиме?
- Обука за работното место
- Одлична работна атмосфера
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 9 до 17ч
Ние сме победници!
Играме како тим!
Од тебе очекуваме:
- Да носиш одлуки и да решаваш проблеми засновани на податоци
- Да бидеш одговорен и да превземеш одговорност
- Да тестираш и научиш, да правиш грешки, но повторно да се обидеш
- Да почитуваш, разбираш и помагаш во тимот
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим,
Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивациско писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »