ПРИМА.МК ДОО Скопје лого

Овластен сметководител

Активни огласи од ПРИМА.МК ДОО Скопје:

Хигиеничар/ка

(преземи го огласот во Word)

ПРИМА МК е дел од интернационалната корпорација ПРИМА ГРУП , специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи.

ПРИМА МК ДОО Скопје , со седиште во Скопје има потреба од овластен сметководител со следниве квалификации, работни обврски и бенефиции.

 

Квалификации:

  • Високо образование -Економски Факултет
  • Искуство од 3-5 години на иста или слична позиција.
  • Сертификат за овластен сметководител
  • Компјутерски вештини, одлично познавање на MS Office.
  • Работа во книговодствениот програм ЦФМА ќе се смета за предност.
  • Аналитички вештини и вештини за решавање на проблеми
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Солидно познавање на Англиски јазик

Основни работни задачи и обврски

  • Книговодствено и материјално работење во согласност со законските прописи и МСС
  • Подготовка на сметководствена документација, подготовка на плата, евиденција на девизни изводи , девизни и денарски калкулации, влезни и излезни фактури, благајничко работење.
  • Изготвување на завршна сметка
  • ДДВ пријави, Е-ППД-пријави, данок на добивка и други извештаи до УЈП , НБРМ и статистика во согласност со законските прописи
  • Останати обврски врзани со целокупното финансиско и сметководствено работење

Бенифиции:

  • Конкурента плата во зависност од професионалното искуство
  • Можност за напредување и зголемување на бенефициите според бонусната политика на компанијата
  • Флексибилно работно време од понеделник до петок.
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Можност за развој преку соодветни тренинг програми и обуки
  • Одлична работна атмосфера

Заинтересираните кандидати да испратат CV на следниот email:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака: ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Известување-за-приватност-за-кандидати-за-вработување-.pdf (primamk.com)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »