Промовирани огласи »

Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 ден/кг и сега ќе изнесува 39,945 ден/кг.

Од 5.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 39,945 (денари/килограм).

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Системот „Сејф сити“ во Скопје дневно лови илјадници прекршоци, ако вака продолжи полицијата ќе се затрупа со казни

Системот „Сејф сити“ во Скопје во моментов лови од 5 до 11 илјади прекршоци по сообраќајниците. Се чека на законските измени!

Системот „Сејф сити“ во Скопје во моментов лови од 5 до 11 илјади прекршоци по сообраќајниците. Уште не е во функција, се тестира, но ако продолжи ова темпо на непочитување на законот, полицијата ќе се затрупа со казни. Казни затвор за потешките прекршоци нема зошто не е сменет законот за прекршоци, пишува Радио Слободна Европа.

Во моментов се менуваат неколку закони за да може да профункционира проектот „Безбеден град“, a главна новина која се предвидува, според Министерството за внатрешни работи е токму онаа која се однесува на ловење на сообраќајни прекршоци со помош на камерите.

Во моментов се тестира системот за казнување во Скопје и според податоците од СВР дневно би требало да се пишуваат од 5 000 до 11 000 казни. Најчесто се за брзо возење, за поминување на црвено и за погрешно паркирање. Според началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски ова е фрапантно и алармантно и доколку овој начин на возење продолжи и во периодот кога ќе се пишуваат казните полицијата ќе се затрупа со работа.

Ако со оваа интенција граѓаните не реагираат, ние де факто ќе се заглавиме со плаќање казни и со папирологија. Но јас се надевам дека после периодот на тестот ќе имаме втор период на тест, кога ќе ви стигне известување на домашна адреса дека сте згрешиле, со напомена дека ова е сепак период од 15 дена, тест, без платен долг, но да знаете дека ова ќе ви биде последно, вели Топаловски за РСЕ.

Инаку очекувањата се дека ќе се намали казнувањето за 80 до 90 проценти. Во моментов со актуелниот начин на контрола на сообраќајниците полицијата успева да евидентира по околу 500 казни на ден.

Со измените меѓу другото се предвидува дека сопственикот на возилото со кое е сторен прекршок известување ќе добие преку порака на мобилниот телефон или на неговата електронска пошта.

Во пораката ќе се содржи записникот, платен налог и фотографија како и укажување од последиците ако не го отвори линкот. Топаловски вели дека ова значително ќе ја олесни процедурата. Смета дека добро е што конечно ќе може да се стави и крај на ургирањата.

Нема да имаме повеќе можност да му се јави некој на шефот, на началникот или на директорот заради тоа што не постои можност системот да се интервенира. Комплетно ќе ни падне од плеќи еден товар кој долго време функционира. Знаете, да му се скине казна, што не велам дека не се случувало од сите ешалони, тоа е исто како да сте ги казниле 200 други, вели Топаловски.

Казни ако користите електронски уреди како што се слушалки, мобилен телефон, таблет, смарт часовник додека сте пешак, велосипедист или мотоциклист како и возач на тротинет, предвидуваат новите измени на законот за Безбедноста на сообраќајот на патиштата. Ова е една од повеќето промени кои ги предлага работната група која подолго време работи на менување на законите со кои треба да се стави поголем ред на градските сообраќајници.

Казната за наброените прекршоци се предлага да биде за пешаците 40 евра, додека за возачите 50 евра.

Како што пренесе РСЕ, дел од велосипедистите и пешаците со кои разговарале не биле запознаени со измените на овој закон.

Од Министерството за внатрешни работи за РСЕ изјавиле дека во моментов измените на законот биле во владина процедура по што откако ќе се утврди од Владата , ќе бидат доставени во собраниска постапка чија динамика на спроведување не можат да ја предвидат. Во предлогот кој беше ставен на ЕНЕР пак се вели дека измените треба да стапат на сила од 1 јануари 2026 година.

Тагови: казни Сејв сити системот

Промовирани огласи »

КАКВА БИ БИЛА БРОЈКАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Само 16 отсто од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

Само еден од шест Германци велат дека би се бореле без двоумење во случај на воен конфликт

Само околу еден од шест Германци велат дека би се бореле без двоумење во случај на воен конфликт, според нова анкета цитирана од ДПА.

Анкетата, спроведена од германскиот институт Форса, покажува дека 16 посто од испитаниците „дефинитивно“ би се бореле, додека други 22 отсто рекле дека „веројатно“ би го сториле тоа.

Јасно мнозинство од 59 проценти велат дека „веројатно не“ или дефинитивно не би биле подготвени да ја бранат Германија со оружје доколку земјата биде нападната. Кај жените, овој процент на оние кои не се подготвени достигнува 72 посто.

Во исто време, повеќе од еден од четири испитаници (27 проценти) велат дека сметаат дека можноста за воен напад врз Германија во следните пет години е многу или донекаде веројатна.

Во меѓувреме, 59 отсто од испитаниците рекле дека сметаат дека е веројатно Германија да мора да обезбеди воена помош на друга земја-членка на НАТО во овој период како дел од своите обврски за меѓусебна одбрана. Анкетата на околу 1.000 германски граѓани ја спроведе „Форса“ на 28 и 29 јули, во услови на засилена дебата во земјата за нејзината подготвеност да се одбрани.

Резултатите имаат маргина на грешка од плус или минус три процентни поени, забележа ДПА.

Тагови: Армија на РСМ Германија Македдонија

Промовирани огласи »

Променливо време во Скопје: Силни врнежи, ветер и можна појава на град

Очекувајте променливо облачно и нестабилно време, со локални поројни врнежи и грмежи

Очекувајте променливо облачно и нестабилно време, со локални поројни врнежи и грмежи. На некои места се можни поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме – краткотрајни, но силни врнежи (над 15 l/m²), пориви на ветер над 60 km/h и изолирана појава на град.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Во одредени делови од котлината можно е локално невреме со обилен дожд, засилен ветер и појава на град.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

04.08.2025 Понеделник   18° / 25° 06:33   20:50
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h















25°
24°
23°
22°
21°
20°
19°
19°
18°

2

2

2

4

2

2

2

2

2
05.08.2025 Вторник   18° / 25° 06:34   20:49
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
18°
18°
18°
19°
19°
19°
19°
19°
19°
20°
20°
22°
23°
24°
24°
25°
25°
25°
25°
24°
21°
20°
19°
18°

2

2

3

3

2

3

3

3

3

3

3

3

2

2

3

3

3

3

2

3

3

2

3

2
06.08.2025 Среда   17° / 30° 06:35   20:48
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
18°
17°
17°
17°
17°
17°
17°
19°
22°
24°
25°
27°
28°
29°
30°
30°
27°
26°
26°
25°
24°
23°
22°
21°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

4

4

3

4

4

6

4

4

3

3

4

4

4
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »