Промовирани огласи »

Викендов полицијата „пиша“ 1.077 казни: 314 возеле брзо, 163 возеле без возачка, 82 за паркинг...

Во деновите од празничниот викенд полицијата снакционирала вкупно 1.077 возачи за различни видови на сообраќајни прекршоци.

Во деновите од празничниот викенд (02./03.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни налози дури 163 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 48 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 156 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  најмногу прекршоци во текот на викендот 314 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 82 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 57 лица кои некористеле сигурносен појас, 24 заради користење мобилен телефон при возење, а четворица минале на црвено светло, информираат од МВР.

Исто така, а согласно Законот за возила, 44 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Тагови: казни МВР

Промовирани огласи »

Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 ден/кг и сега ќе изнесува 39,945 ден/кг.

Од 5.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 39,945 (денари/килограм).

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Европа тивко ја предводи трката со хуманоидни роботи

Регулаторниот пристап и соработка водат кон водечка позиција за Европа во хуманоидната роботика.

Европа има своја уникатна стратегија во трката за хуманоидни роботи, која не се базира на спектакуларни демонстрации и брзи технолошки иновации, туку на строг и доследен пристап. Со воведувањето на AI Act, EU поставува јасна правна рамка за развој и имплементација на системи со висок ризик, вклучувајќи и хуманоидни роботи. Овие јасни правила обезбедуваат доверба и поттикнуваат инвеститорите и индустриските партнери да вложуваат во европскиот пазар, намалувајќи ја опасноста и стимулирајќи безбедност и транспарентност.

Европската фокусираност на регулативи го позиционира континентот како инкубатор за етично и одговорно развивање на роботика. Хуманоид компаниите овде имаат пристап до тестови, пилот проекти и мрежи за колаборативно истражување и развој. Овие иницијативи овозможуваат адаптација на роботите кон реалниот свет, преферирајќи интеграција преку импозантни технолошки демонстрации и стадиумален развој кој ги зема предвид вистинските оперативни потреби на индустријата.

Истовремено, Европа ја адресира врската меѓу технологијата и работниците, промовирајќи партнерства и потенцирајќи дека роботите треба да ги дополнуваат, а не да ги заменуваат луѓето. Во зони како логистички центри и здравствени установи, каде што потребите за прецизност и доверба се есенцијални, хуманоидните роботи се позиционираат како поддршка која ги надополнува, а не го прекинува текот на работата. Ова овозможува креација на иновативни решенија кои се погодни за долгорочна употреба и соработка со луѓето.

Тагови: вештачка интелигенција Европа Европска Унија роботи

Промовирани огласи »

Системот „Сејф сити“ во Скопје дневно лови илјадници прекршоци, ако вака продолжи полицијата ќе се затрупа со казни

Системот „Сејф сити“ во Скопје во моментов лови од 5 до 11 илјади прекршоци по сообраќајниците. Се чека на законските измени!

Системот „Сејф сити“ во Скопје во моментов лови од 5 до 11 илјади прекршоци по сообраќајниците. Уште не е во функција, се тестира, но ако продолжи ова темпо на непочитување на законот, полицијата ќе се затрупа со казни. Казни затвор за потешките прекршоци нема зошто не е сменет законот за прекршоци, пишува Радио Слободна Европа.

Во моментов се менуваат неколку закони за да може да профункционира проектот „Безбеден град“, a главна новина која се предвидува, според Министерството за внатрешни работи е токму онаа која се однесува на ловење на сообраќајни прекршоци со помош на камерите.

Во моментов се тестира системот за казнување во Скопје и според податоците од СВР дневно би требало да се пишуваат од 5 000 до 11 000 казни. Најчесто се за брзо возење, за поминување на црвено и за погрешно паркирање. Според началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски ова е фрапантно и алармантно и доколку овој начин на возење продолжи и во периодот кога ќе се пишуваат казните полицијата ќе се затрупа со работа.

Ако со оваа интенција граѓаните не реагираат, ние де факто ќе се заглавиме со плаќање казни и со папирологија. Но јас се надевам дека после периодот на тестот ќе имаме втор период на тест, кога ќе ви стигне известување на домашна адреса дека сте згрешиле, со напомена дека ова е сепак период од 15 дена, тест, без платен долг, но да знаете дека ова ќе ви биде последно, вели Топаловски за РСЕ.

Инаку очекувањата се дека ќе се намали казнувањето за 80 до 90 проценти. Во моментов со актуелниот начин на контрола на сообраќајниците полицијата успева да евидентира по околу 500 казни на ден.

Со измените меѓу другото се предвидува дека сопственикот на возилото со кое е сторен прекршок известување ќе добие преку порака на мобилниот телефон или на неговата електронска пошта.

Во пораката ќе се содржи записникот, платен налог и фотографија како и укажување од последиците ако не го отвори линкот. Топаловски вели дека ова значително ќе ја олесни процедурата. Смета дека добро е што конечно ќе може да се стави и крај на ургирањата.

Нема да имаме повеќе можност да му се јави некој на шефот, на началникот или на директорот заради тоа што не постои можност системот да се интервенира. Комплетно ќе ни падне од плеќи еден товар кој долго време функционира. Знаете, да му се скине казна, што не велам дека не се случувало од сите ешалони, тоа е исто како да сте ги казниле 200 други, вели Топаловски.

Казни ако користите електронски уреди како што се слушалки, мобилен телефон, таблет, смарт часовник додека сте пешак, велосипедист или мотоциклист како и возач на тротинет, предвидуваат новите измени на законот за Безбедноста на сообраќајот на патиштата. Ова е една од повеќето промени кои ги предлага работната група која подолго време работи на менување на законите со кои треба да се стави поголем ред на градските сообраќајници.

Казната за наброените прекршоци се предлага да биде за пешаците 40 евра, додека за возачите 50 евра.

Како што пренесе РСЕ, дел од велосипедистите и пешаците со кои разговарале не биле запознаени со измените на овој закон.

Од Министерството за внатрешни работи за РСЕ изјавиле дека во моментов измените на законот биле во владина процедура по што откако ќе се утврди од Владата , ќе бидат доставени во собраниска постапка чија динамика на спроведување не можат да ја предвидат. Во предлогот кој беше ставен на ЕНЕР пак се вели дека измените треба да стапат на сила од 1 јануари 2026 година.

Тагови: казни Сејв сити системот

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »