МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје лого

Специјалист за надворешно трговско работење

За компанијата: Македонијалек е првата приватна веледрогерија во Македонија. Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојната структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година. повеќе за компанијата »

Активни огласи од МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје:

Администратор во сметководство

МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје- компанија која повеќе од 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис, во насока на проширување на својот тим во Сектор Финансии и сметководство, има потреба од вработување на:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАДВОРЕШНО ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ

Потребни квалификации:

  • ВСС -економски факултет
  • Работно искуство на иста/слична позиција од најмалку 5 години
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Познавање на законски прописи и практики за сметководство
  • Познавање на MS Office
  • Уверение за овластен сметководител

Работни задачи и одговорности:

  • Учество во воспоставување,одржување и координација на имплементација на книговодствени и контролни процедури
  • Плаќања према странство
  • Подготовка на девизни и денарски гаранции и акредитиви за соработка со странски и домашни добавувачи
  • Обезбедува документи од сите државни институции потребни за учество на тендер
  • Проверка на податоци од увозни и извозни декларации
  • Изработка на месечни извештаи за продажба од царински склад
  • Финансиски прием и излез на материјали од царински склад
  • Евиденција на состојба на царински склад
  • Подготовка на извештаи за царинска управа
  • Изработка на извештаи за државни институции
  • Работа со акцизни добра
  • Креирање на фактури за извршени услуги
  • Амортизација

Потребен е профил на личност кој покрај високо развиена техничка експертиза поседува развиени аналитички способности.

Одговорен,посветен и способен за тимска работа.

Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »