(преземи го огласот во Word)
Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје бара
Правник
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
Диплома за завршено високо образование – Правен факултет;
Претходно работно искуство се смета за предност;
Познавање на работа со MS Office програм;
Познавање на англиски јазик;
Способност за извршување на работни задачи во кратки рокови;
Лична и професионална ефективност, организациски способности, одговорност, иницијативност, исполнителност, лојалност, комуникативност;
Работни обврски:
· Спроведување на постапки за вработување, пријави и одјави пред надлежни органи, селекција и регрутација на вработени, водење целокупна евиденција за вработени, евидентирање во посебен софтвер -ПАНТЕОН, подготовка на сите документи што произлегуваат од работен однос:
· Подготовка на целокупна документација и застапување на друштвото пред надлежни институции, органи и правни лица;
· Следење и имплементација на промени во законската регулатива и усогласување со општите акти на друштвото;
· Подготовка на извештаи и анализи, креирање на периодични и годишни извештаи;
· Составување и поднесување предлози, приговори, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред нотар, извршителите и други надлежни органи;
Компанијата нуди:
Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Правник, апликациите ќе се прифаќаат до 31.05.2025 година.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме