ONE LEASING лого

Менаџер за финансии

За компанијата:

Друштво за лизинг - Оне Лизинг ДООЕЛ Скопје, финансиска компанија со главна дејност на издавање финансиски лизинг.

повеќе за компанијата »

Друштво за лизинг ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје ја нуди услугата “Лизинг на половни возила” за сите марки и модели на возила.

Нашиот тим се состои  од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и специјалисти за возила.

Поради брз раст на компанијата имаме потреба од зголемување на нашиот тим, и со овој оглас повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Менаџер за финансии.

 

Краток опис на услови, способности / вештини за работното место:

  • Навремено и темелно исполнување на работните обврски
  • Доверливост, лојалност и прецизност
  • Професионален пристап
  • Комуникативност и тимска работа
  • Способност за работа независно во динамична работна средина
  • Аналитички способности, организираност и одговорност кон доверените работни задачи

 

Работни задачи:

  • Сметководствено евидентирање и контрола на влезни и излезни документи
  • Сложување на аналитички картици со комитенти
  • Контрола на книжењето на трансакциите
  • Изработка на пријави за ДДВ и Персонален данок и поднесување на истите во УЈП, документација за Народна банка, Централен Регистар и други релевантни институции
  • Изработка и контрола на финансиски извештаи за тековно работење
  • Следење и спроведување на важечките законски регулативи
  • Ја следи точноста на прегледот на основните средства и ситниот инвентар (ревалоризација и амортизација)
  • Комуникација со клиенти и државни институции
  • Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
  • Анализа на финансиски податоци, комплетна финансиска документација и инструкции за работа
  • Спроведување и контролирање на плаќања
  • Обезбедува решенија, истражува и идентификува најдобри практики за континуирано подобрување на финансиското работење на компанијата
  • Комуницира со надлежни финансиски институции во врска со финансиското работење на компанијата.

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »