
За компанијата:
Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »
Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Специјалист за корисничка поддршка за еден од нашите клиенти кој е мултинационален ланец на продавници за продажба на електроника каде што секојдневно комуницираш со клиенти на германски јазик и притоа покрај тоа што им помагаш на клиентите со нивните барања, ги подобруваш јазичните познавања и учиш нови работи! Придружи ни се и биди гласот на корисничката поддршка што зборува германски јазик!
Што ти нудиме?
-
Конкурентна плата почнувајќи од 56.924 денари;
-
Можност за работа од канцеларијата во Скопје или работа од дома од самиот почеток;
-
Договор за вработување на определено време;
-
Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
-
Платена обука: инвестираме во твојот успех;
-
Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
-
Бонуси за препораки; награда за твојата лојалност;
-
Уживање во различни компаниски настани, тренинзи и обуки наменети за вашиот личен и професионален развој
-
Корпоративни попусти за нашите вработени во различни компании;
-
Проширување на твоите знаења; со нашата компаниска платформа стекни нови вештини
-
Кариерен развој; патеката на твојот напредок исцртај заедно со нас;
-
Глобално искуство; бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!
Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на германски јазик (м/ж)!
Твојот ден ќе биде комбинација од:
-
Секојдневна употреба на германскиот јазик и комуникација со клиенти преку различни комуникациски канали;
-
Комуникација со клиенти преку телефон, емаил и четови во врска со барањата на клиентите;
-
Подобрување на корисничкото искуство: давај насоки и споделувај информации и совети;
-
Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените решенија;
-
Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот;
Што бараме?
-
Германски гуру: задолжително познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);
-
Основни познавања од работа на компјутер;
-
Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
-
Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
-
Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
-
Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
-
Претходно работно искуство во областа на кориснича поддршка се смета за предност но не е задолжителна;
Како изгледа животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно
Слични огласи »