Раководител на канцеларија

За компанијата: Perun Technologies е основана во 2007 година од тим од високи ИТ професионалци со мисија да испорача пионерски решенија кои нудат водечки сооднос цена/перформанси. Од нашето основање, успешно го модернизиравме... повеќе за компанијата »

Се бара раководител на канцеларија кој ќе биде одговорен за општото функционирање на канцеларијата. Должностите ќе вклучуваат примање на посетители, одговарање на влезните телефонски повици, набавка  на канцелариски материјали и надгледување на нашиот персонал за да се обезбеди максимална продуктивност. Исто така, се бара и креирање презентации и изготвување на извештаи, записници од состаноци, преводи кога е потребно, итн.

 

Пожелно е претходно искуство во администрирање на канцеларии. Исто така потребна е умешност во работење со апликациите на Microsoft Office, како што се Word и Excel. Поседување на соодветна едукација е исто така предност плус.

 

Одговорности на раководителот на канцеларијата:

Надгледување на општото функционирање на  канцеларијата.

Прием на посетители, одговарање на дојдовни телефонски повици и деловна комуникација со нашите клиенти.

Координирање на состаноци и  раководење со календари за одредени проекти.

Надгледување, менторство и советување на вработените во нашите канцеларии и делегирање на задачи за да се обезбеди максимална продуктивност.

Организација за учество на нашите вработени на одредени семинари, едукации, обуки и сл.

Координирање домашни и меѓународни патувања, вклучувајќи летови, хотели, и рент а кар.

Набавка на потребните канцелариски материјали и опрема.

Изработка на извештаи, составување кореспонденција и изготвување на нови договори.

Креирање презентации и други извештаи.

 

Барања кои треба да ги исполнува канцеларискиот раководител:

Соодветен степен на едукација.

Најмалку 2 години искуство во канцелариска администрација.

Солидно познавање на англискиот јазик – говорен и пишан.

Одлични компјутерски вештини, вклучувајќи и висок степен на владеење со Microsoft Word, Excel, Outlook и PowerPoint.

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »