ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Оператори на вибрирање и пескарење

За компанијата: Ние сме водечка компанија за леење на одливци од алуминиум, произведени со високотехнолошки и еколошки одржливи производни процеси. Нашата мисија се гради врз основ на 75-годишна традиција, знаење, иновации... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Оператори на машини за вибрирање и пескарење

Доколку сакате да станете дел од нашиот динамичен производствен тим, сте подготвени за работа полна со предизвици и сакате да учествувате во создавање на квалитетни производи – ве покануваме да се приклучите на нашата успешна фирма.

 Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
Подготовка на делови за обработка:прием и селектирање на алуминиумски делови;проверка дали деловите се во соодветна состојба пред обработка (без оштетувања, нечистотии или масла), организирање според производниот план

Работа со вибраторска машина:

  • Полнење на вибраторската када со алуминиумски делови и соодветен абразивен медиум
  • Подесување на параметри на машината
  • Следење на процесот на вибрирање – обезбедување еднаква и континуирана обработка
  • Отстранување и чистење на обработените делови, разделување од абразивниот медиум
  • Контрола на површинската завршница
  • Одржување на машината и чистење по завршен циклус

Работа со пескара (машина за пескарење):

  • Полнење на пескарската комора со делови и проверка на абразивниот материјал
  • Прилагодување на притисок и агол на млазницата според материјалот и бараната површина
  • Ракување со пескарската млазница – рачно или автоматизирано, во зависност од типот на машината
  • Следење на квалитетот на обработката – одстранување на нечистотии
  • Вадење и чистење на деловите по завршување на процесот
  • Контрола на абразивот – навремена замена или дополнување
  • Одржување на пескарската опрема и почитување на мерки за безбедност при работа под притисок

Завршни активности и документација:

  • Визуелна и димензионална проверка на завршените делови
  • Пакување или предавање на следната производна фаза
  • Водење евиденција за број на обработени делови, времетраење на циклуси и состојба на машините
  • Пријавување на проблеми, дефекти или потреба од одржување на надреден/менаџер

Од кандидатите очекуваме:

  • Основно познавање на машинска обработка на метал или други материјали
  • Способност за ракување со индустриски машини (пескара, вибратори)
  • Разбирање на основни технички инструкции и процесни листи
  • Способност за визуелна контрола и препознавање на дефекти
  • Способност за мерење и користење на едноставни мерни алати (шублер, метар, мерач на површина)
  • Почитување на безбедносни мерки и прописи при работа
  • Прецизност и внимание на детали
  • Способност за работа во сменски режим и под притисок
  • Одговорност за навремено и квалитетно извршување на задачите
  • Способност за тимска работа и добра комуникација со колеги и претпоставени
  • Флексибилност и адаптибилност на различни производствени задачи
  • Позитивен однос кон работата и уредност на работното место

Услови за работа:

  • Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети

На избраниот кандидат му нудиме:

  • Редовна стимулирачка месечна плата согласно интерната политика
  • Обезбедена обука и воведување во работата – без потреба од претходно искуство
  • Работа во стабилна фирма, со можности за долгорочна соработка
  • Можност за напредување во рамки на производниот тим или во други сектори
  • Динамично работно опкружување со поддршка од поискусни колеги
  • Почитување на законска регулатива
  • Исплата на додатоци за прекувремена работа, работа во смени или работа во специфични услови
  • Обезбедена заштитна опрема и средства за работа
  • Платен годишен одмор и други бенефиции според колективен договор и закон
  • Обезбеден оброк на локација
  • Исплата на трошоци за превоз од и до работа доколку кандидатот живее над 3 км оддалеченост од работното место
  • Вработување на определено време, со можност за продолжување на неопределено време;
  • Паркинг простор во непосредна близина на фабриката;
  • Учество на различни спортски настани.

Ве очекуваме! Аплицирајте на Општа апликација | LTH Castings

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

wwww.lthcastings.com 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »