Промовирани огласи »

Македонците меѓу најголемите „муабетчии“ со ChatGPT во Европа

Нова анализа покажува дека корисниците во Македонија најчесто го користат ChatGPT за разговор, лични размислувања и практични совети, а многу поретко за работа и директно барање информации.

Македонците сè почесто го користат ChatGPT за разговор, лични размислувања и практични совети, а значително поретко за работа, покажува анализата на Институтот Демократика, базирана на податоци од OpenAI Signals v2.0. Само 18,1% од пораките во Македонија се поврзани со работа, што е остар пад во споредба со првата половина од 2025 година, кога овој удел изнесувал речиси 29%.

Најголем дел од комуникацијата, или речиси 40%, се однесува на практични совети и помош — учење, решавање проблеми, здравје, фитнес и лична грижа. Во вториот квартал од 2026 година, Македонија се искачила на првото место во Европа според уделот на вакви прашања, додека во јуни била и единствената анализирана земја каде неформалниот разговор и личното изразување биле почести од директното поставување прашања. Истовремено, само 16,4% од пораките биле директни барања за информации, со што земјата е последна меѓу 36 европски држави опфатени во анализата.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека овие податоци треба да се толкуваат внимателно, бидејќи падот кај информативните прашања е забележан дури во мај и јуни и сè уште не е јасно дали станува збор за траен тренд. Според Евростат, нешто повеќе од една петтина од населението на возраст од 16 до 74 години во Македонија користи генеративна вештачка интелигенција, што е помал удел од повеќе соседни земји. Анализата на Демократика опфаќа околу 300.000 пораки месечно во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година, но бидејќи се анализираат пораки, а не корисници, не може прецизно да се утврди колку Македонци го користат ChatGPT и колку често.

Тагови: ChatGPT Македонци работа

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад инспектор Битола со градовите: Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, Одделение за инспекциски надзор Битола со градовите: Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Помлад соработник за човечки ресурси, Одделение за човечки ресурси

Советник - внатрешен ревизор

Самостоен референт за евиденција и административни работи, Одделение за инспекциски надзор на производство и промет на вооружување и воена опрема (ВВО), Сектор за наменско производство и одбрамбени подготовки, Управа за наменско производство

Помлад референт за евиденција и административно - технички работи, Одделение за инвестициска политика, Сектор за индустриска и инвестициска политика и општествена одговорност

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Од полноќ дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат

Нов ценовен пресек на РКЕ: значително намалување на дизелот и екстра лесното масло, додека бензините од ноќеска ќе се продаваат поскапо.

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од 29 септември 2026 година во 00:01 часот малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,06 проценти во однос на претходната одлука. Најголемата промена е кај дизелот, чија цена значително се намалува, додека бензините бележат поскапување.

Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 100 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 102 денари за литар, што е зголемување од 1 денар по литар за двата бензина. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се намалува за 4,5 денари и од полноќ ќе изнесува 100 денари за литар. Кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) има намалување од 3 денари, па новата цена ќе биде 111,5 денари за литар, додека мазутот М-1 НС ќе се продава по 49,882 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека оваа корекција следи по движењата на светските референтни цени, каде кај дизелот е регистриран пад од 6,734 проценти, а кај бензините минимален раст од 0,049 проценти. Во пресметката е вклучена и владината мерка за намален ДДВ од 10 проценти за ЕУРОДИЗЕЛ, како и намалена акциза од 4 денари по литар за бензините и дизелот.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Нови кариерни можности во СЕТЕК!

Најнови огласи за вработување во СЕТЕК!

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија.

Моментално вработува:

Референт за продажба во Кичево
Референт за продажба во Скопје
Реферефт за продажба во Струмица
Магационер - Скопје

Доколку се уште ја немате пронајдено вашата идеална работна позиција, сите останати акавтивни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: СЕТЕК Сè од техника ДОО

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »