ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Топилничари

За компанијата: Ние сме водечка компанија за леење на одливци од алуминиум, произведени со високотехнолошки и еколошки одржливи производни процеси. Нашата мисија се гради врз основ на 75-годишна традиција, знаење, иновации... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Топилничари

Компанијата LTH има 75-годишна традиција и искуство во развој, леење, обработка и монтажа на висококомплексни компоненти од алуминиум, како и во изработка на алати за нивно производство. Купувачи на нашите производи се компании од автомобилската индустрија кои нѐ избрале за свој префериран развоен партнер и добавувач.
Во моментов компанијата вработува 3.700 вработени на 6 локации во 3 држави.
Успешната реализација на нашата деловна стратегија не би била можна без нашите вработени. Нивниот број расте од година во година, а ние сме свесни дека високо мотивираните вработени претставуваат клучен фактор за понатамошното успешно работење на компанијата LTH Castings d.o.o. Доколку сакате да станете дел од нашиот динамичен производствен тим, сте подготвени за работа исполнета со предизвици и сакате да придонесувате во создавањето квалитетни производи, ве покануваме да ни се придружите во нашата успешна компанија.

Ваши одговорности:

  • Транспорт на алуминиум до топилницата;
  • Дегасирање (отстранување на гасови) и транспорт на растопениот метал до корисникот;
  • Основно ракување со печките за топење и подготовка на алуминиумска легура;
  • Познавање, разбирање и контрола на основните параметри на процесот;
  • Познавање, разбирање и пополнување на работната документација;
  • Грижа за непречено одвивање на процесот во топилницата согласно технолошките прописи;
  • Замена на материјал во одржувачките печки;
  • Замена на конуси, инки и изливни цевки во одржувачките печки;
  • Познавање на технологијата за полнење и чистење на печките за топење;
  • Чистење и одржување на печките за топење и одржување, како и садовите за транспорт на растопениот метал;
  • Контрола на состојбата на вилушкарите и нивната опрема;
  • Познавање и означување на материјалите;
  • Познавање и извршување на хемиска анализа на материјалот;
  • Складирање и означување според FIFO-принципот;
  • Одржување на чисто и уредно работно место согласно принципите на 5S;
  • Почитување на прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа и екологијата;
  • Извршување и на други работни задачи во согласност со оспособеноста на работникот и упатствата на работодавачот.

Услови за работа:

  • Работната позиција бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно.
  • Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид - работа во смени, производни капацитети
  • Знаења и компетенции потребни за исполнување на работната позиција:
  • Соодветно образование: II, III или IV степен;
  • Подготвеност за работа во повеќе смени;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во управување со вилушкар;
  • Одговорност, способност за соработка, самоиницијативност, организираност во работењето и прилагодливост на промени;
  • Мотивација за работа.

Нудиме:

  • Долгорочно и сигурно вработување во компанија со 75-годишна традиција во автомобилската индустрија;
  • Вработување на определено време, со можност за продолжување на неопределено време;
  • Редовна и стимулативна плата, како и други поволности;
  • Обезбеден оброк на работната локација;
  • Паркинг простор во непосредна близина на фабриката;
  • Учество на различни спортски настани.

Бидејќи вашето здравје ни е важно, ќе ви овозможиме и учество во неделни рекреативни активности (игри со топка, вежбална и слично)

Аплицирајте на Топилничари | LTH Castings.

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

wwww.lthcastings.com 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »